за

Каков избор на користено возило е: Suzuki Vitara

suzuki Vitara
Suzuki Vitara

Освен по градските автомобили, Suzuki е прочуен и по издржливите и практични теренци. Vitara повеќе му припаѓа на сегментот на компактните СУВ-модели, кадешто се постигнуваат одлични продажби. Одлични се и оцените за издржливоста и квалитетот на популарниот модел.

Vitara го користи името што е добро познато во понудата на модели на Suzuki, но нема ништо заедничко со Grand Vitara, којашто се произведуваше до 2015 година. Со должината од 4,17 метри, Vitara одлично се вклопува во најпродаваната класа на СУВ-модели. Кабината е доволно просторна, а мошне високиот покрив обезбедува многу простор над глава и за патниците на задната клупа. Зад тоа има багажник од 375 литри, кој со соборување на клупата достигнува 1.120 литри при товарење до долниот раб на прозорците. Седум водушни перници се вградуваат сериски, современи системи за асистенција се достапни со повисоките нивоа на опрема, но честопати за нив мора да се избере и погон на сите тркала. Препорачливите диодни светла исто така се нудат единствено во највисокото ниво на опрема.

Suzuki Vitara досега двапати беше на тест во Аутомедиа:

Тест: Suzuki Vitara 1.0 Turbo GL Plus

Тест • Suzuki Vitara 1.6 AllGrip GL PLus

Suzuki Vitara 1.0 Test

За што е способен овој автомобил?

Четворица возрасни патници се возат мошне комотно во сите возни сценарија, вклучувајќи и излети по терен. Понудата од мотори ја сочинуваат еднолитарец со три цилиндри и 1,4-литарец со четири цилиндри, двата со турбонатполнење и директно впрскување. Без разлика дали станува збор за поголемиот или помалиот мотор, достапни се сите комбинации со погон на сите тркала и/или со автоматски менувач. Моторот од 1,6 литар и дизелот заминаа од понудата при големото моделско освежување кон крајот на 2018 година.

Кои се вообичаените проблеми?

На супертестот на 100.000 километри кај германскиот магазин Ауто Билд се случи само еден проблем. Црево од системот за турбонатполнење се откачило, поради што моторот изгубил моќност. За отстранување на овој проблем бил потребен незначителен зафат во сервисната работилница. Во целина, магазинот објави само пофални зборови за компакнатата Vitara, вклучувајќи го и забрзувањето за 8,8 секунди од место до темпо 100 во верзијата со автоматски менувач – што е за 1,5 секунда подобро од фабричката вредност. Јапонската марка имаше еден сервисен повик за возилата произведени до септември 2016 година, заради бесплатна замена на контролната светилка за моторот.

ОЦЕНИ НА ТУВ

ПОДВОЗЈЕ

Новата Vitara го оправдува гласот што го имаат јапонските автомобили во поглед на издржливоста. Дефекти во водењето на тркалата, како и во пружините и амортизерите се исклучлително ретки. Истото важи и за управувачките зглобови (спони). Единствено подрачје во коешто Vitara отстапува од просекот е преносниот механизам во управувањето, кадешто процентот на дефекти е 0,1%. Значи, сепак, одличен резултат. Уште една пофалба за целосното отсуство на траги од корозија.

СВЕТЛА

ТУВ има регистрирано неколку случаи со забелешки за работата на предните светлата, но од друга страна има релативно малку забелешки за нивната насоченост. Истото важи и за задните светла. Трепкачите работеле беспрекорно кај сите возила што пристигнале на технички преглед во германската организација.

СОПИРАЧКИ

Тука нема ниту една забелешка! Контролорите на ТУВ не регистрирале ниту еден проблем со дејствувањето или рамномерноста на системот за сопирање или за паркирната сопирачка. Проблемите отсуствуваат во целост и кај цревата и водовите во системот за сопирање. За сопирачките дискови имало дури трипати помалку забелешки отколку што е просекот од сите возила.

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Уште едно подрачје што Vitara го минува примерно, иако се забележани случаи на капење масло од моторот или менувачот. Затоа надоместува отсуството на проблеми при мерењето на издувните гасови, како и исправноста на издувниот систем.

ЗАКЛУЧОК

Дали Vitara е „безгрижен пакет“? Во поглед на оцените од ТУВ, тоа важи во целост, доколку се изземат неколкуте случаи на проблеми со светлата или прокапување масло. Бројот на возила што го минале техничкиот прегед кај ТУВ без било каква забелешка е далеку подобар од просекот, а исклулително е мал и процентот на возила со значителни дефекти. Тоа вооошто не е лошо за компактен СУВ, кој повремено се вози и на терен.

ШТО КАЖУВА СТАТИСТИКАТА ЗА SUZUKI VITARA

(за возила стари меѓу 2 и 3 години)

Дел од возило / Неисправност

Просек од

сите возила

Suzuki Vitara

СОПИРАЧКИ

Функција на ножна сопирачка

0,1

0,1

Функција на паркирна сопирачка

0,1

0,0

Водови за сопирачки

0,0

0,0

Црева за сопирачки

0,1

0,0

Сопирачки дискови

0,9

0,3

ПОДВОЗЈЕ

Водење на тркала

0,3

0,1

Пружини / Амортизери

0,2

0,1

Погонски оски

0,0

0,0

Управување

0,0

0,1

Управувачки зглобови

0,0

0,0

Корозија, пукнатини, лом

0,0

0,0

СВЕТЛА

Соборено светло

1,7

1,2

Сите светла напред

1,2

2,0

Сите светла назад

0,5

0,6

Трепкачи

0,1

0,0

ЖИВОТНА
СРЕДИНА

Протекување масло од мотор и погон

0,3

0,3

Контрола на издувни гасови

0,3

0,2

Издувен систем

0,1

0,0

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кога е пишано камионска гума да искрши скап McLaren ... во салон

Кога е пишано камионско тркало да искрши скап McLaren … во салон

Ники Лауда прогласен од ФИА за личност на годината

Ники Лауда прогласен од ФИА за личност на годината