за

Кога е пишано камионско тркало да искрши скап McLaren … во салон

Кога е пишано камионска гума да искрши скап McLaren ... во салон
Кога е пишано камионска гума да искрши скап McLaren ... во салон

Некогаш случајностите се премногу случајни. Скап McLaren 650S на американски играч на безбол бил крајно одредиште на тркало откачено од шлепер, кој минувал на стотина метри оддалеченост. Автомобилот бил оставен во салон, на закажано сервисирање.

Професионалниот играч на безбол Тревор Бауер е нова жртва на „случајност“. Неговиот McLaren 650S бил мета на тркало што излетало од дефектен шлепер, додека автомобилот чекал на сервис. За скапиот британски автомобил да се заштити на најдобар начин, дилерот претходно го паркирал автомобилот во салонот. Но, токму на тоа место во салонот, низ дебелото стакло пролетал проектилот во форма на тешко камионско тркало. Како врв на целиот овој случај, тркалото што се откачило веројатно од полуприколката, прелетало шест сообраќајни ленти и прескокнало два реда паркирани автомобили, за на крајот да падне врз скапоцениот McLaren.

Нема сомневање околу веродостојноста, Бауер објавил фотографии на инстаграм на коишто се гледа како црниот McLaren е затрупан во стакло, со големото камионско тркало озгора. Тркалото дури и се одбило кон возилото, откако претходно удрило во фасадата и ја оштетило. Настанот инаку се случил воочи Денот на благодарноста, кој во земјата се одбележува масовно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

фабрика тесла германија парцела

Брз бизнис: Tesla уште месецов ќе ја купи парцелата за фабриката во Германија

suzuki Vitara

Каков избор на користено возило е: Suzuki Vitara