Тоа е пример колку брзо се одвива бизнисот во Германија, откако Илон Маск во средината на ноември објави дека ја избира земјата како локација за европската фабрика на Tesla.
Се составуваат парчињата од мозаикот околу идната фабрика на американскиот производител на електрични автомобили Tesla во близина на Берлин, во подрачјето на Гринхајде. Се очекува купопродажниот договор за парцелата на којашто ќе се гради идната фабрика да биде потпишан веќе до крајот на годинава. Прво мора да се почека одобрение од финансиската комисија, којашто ќе решава на посебна седница – нормално, веќе е познат и датумот на одржување на седницата, 17-ти или 18-ти декември.
Речиси е неверојатно дека до средината на ноември уште постоеше неизвесност каде ќе се гради европската фабрика на Tesla. Шефот Илон Маск го соопшти тоа директно од бината додека ја преземаше наградата за „Златен волан“ во организација на Ауто Билд.
Калифорниската електро-марка ќе започне со сериско производство на компактниот СУВ на парцела со површина од 300 хектари во 2021 година. Бидејќи парцелата е во сопственост на државата, претходно мора да се чека согласност за продажба од комисијата.

Според службените записи, градежните работи треба да почнат во првото полугодие од следната година, во подрачјето што е во близина на сојузниот автопат број 10. Претходно се спомнуваше дека изградбата би започнала уште во првото тромесечје.
Во фабриката на Tesla ќе се отворат до 8.000 работни места
Од Tesla уште немаат соопштено кои ќе бидат нивните барања во поглед на привилегиите што треба да ги обезбеди државата. Се планира инвестицијата на американската компанија да достигне неколку милијарди долари. Кога фабриката ќе го достигне целосниот капацитет, таа ќе вработува до 8.000 лица. Во првата фаза се планира околу 3.000 работници да монтираат 150.000 возила годишно.
Фабриката на Tesla во Берлин ќе вработува 3.000 лица
Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3
https://www.instagram.com/p/B45zPmMCc6x/
https://www.instagram.com/p/B47LxU0CsT-/
















