Top Gear вели дека Ford Focus ST е спортски компакт на годината

ford Focus ST
ford Focus ST

Ford Focus ST ја освои титулата на спортски компакт на годината во избор на британскиот Top Gear. Уште еден модел од куќата беше крунисан во својата категорија, Ford Mustang GT500 како мускулест автомобил на годината.

Ford Focus ST ја привршува годинава со една од најценетите титули на сцената, со насловот на спортски компакт на годината во изборот на британскиот Top Gear. Тоа е одличен успех и за марката, чијашто Fiesta ST победи како најдобра спортска комбилимузина во ланскиот избор.

Според експертите на Top Gear, нивниот избор за најспортски компакт се темели на „моќниот и весел“ 2,3-литарски мотор EcoBoost, во комбинација со одлични сопирачки и врвна стабилност, благодарение на „брилијантно интегрираниот диференцијал и добро избраната приспособлива амортизација.“

Оцените на британските автомобилисти продолжуваат со „Focus ST нема пороци. Нема слабости. Нема слаба карика.“ Во истиот стил е „автомобил што влева доверба во секоја ситуација шепнувајќи ќе го совладам и ова

Откако стартуваше продажбата во земјата во почетокот од годинава се продадени повеќе од 1.700 примероци. Моментно полицијата го испробува Focus ST со неговите 250 km/h, како иден службен автомобил. Полициските службеници тестираат како спортскиот компакт ќе се покаже во поглед на носивоста, перформансите и управливоста.

Католичкиот божик годинава пристигна рано и за Mustang Shelby GT500, со титулата на мускулест автомобил на годината. Коментарите, секако, се единствени: „Тој е напад на сетилата, дизајниран да ти го освои вниманието и да не се каеш за тоа.“

https://www.instagram.com/p/B5svXd4B4UT/

Авто делови од кафе: Соработка меѓу Ford и McDonald’s

 

Претходна објаваФранцускиот PSA се всели во седиштето на Opel во Риселсхајм
Следна објаваХоландија нарача 259 електрични автобуси од кинескиот BYD

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here