за

Opel го зголеми пазарниот удел во Западна Европа

На марката под знакот на молњата ѝ припаѓаат 4,3 проценти од автомобилскиот пазар во земјите од Западна Европа лани. Наскоро стартува новата Opel Astra.

Моделската офанзива на Opel во Западна Европа вродува плод. Германскиот производител го зголеми својот дел од пазарот во време кога индустријата и светот се соочуваат со пандемија и недостиг од полупроводници.

Пазарниот удел на Opel во земјите во Западна Европа во 2021 година се зголемил за 0,1 процентен бод, на 4,3 проценти. Напредокот произлегува од значителниот раст во продажбата на важниот домашен пазар, каде што Opel Corsa ја понесе и титулата најпродаван модел во градската класа. Успехот на Corsa се потврдува и со првото место во Велика Британија, каде што моделот под знакот на Vauxhall е воопшто најпродаван модел лани. Понатаму, Vauxhall е водечка марка во делот на доставни возила со електричен погон на британскиот пазар.

Opel продал вкупно 451.634 во ЕУ14, кадешто се вклучени државите членки на Унијата пред проширувањето во 2004 година (Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Република Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска). Со тоа, Opel e втора најпродавана марка во концернот Stellantis во регионот, по Peugeot.

Германската марка ја заврши минатата година како петта најпродавана марка во Западна Европа, не вклучувајќи ги премиум производителите BMW, Mercedes и Audi:

Најпродавани марки во Западна Европа

Возила

Volkswagen 1175920
Peugeot 684677
BMW 638208
Renault 630499
Mercedes 596638
Toyota 580269
Audi 565368
Opel/Vauxhall 451634
Fiat4Fiat4 447072
Hyundai 433504
Kia 427584
Skoda 421698
Citroen 420294
Seat 375712
Dacia 327664
Volvo 268753
Nissan 228492
Mini 171561
Mazda 121842
Jeep 118679
Land Rover 107477
Porsche 73462
Mitsubishi 68633
Honda 59632
Lancia/Chrysler 43703
DS 41892
Lexus 38782
Jaguar 36979
Smart 35444
Alfa Romeo 23461
Others5 4992
Others3Others3 4951
Alpine 2393
Lada 1445

Директорот Хохгешурц очекува голем поттик во продажбата да донесат новите Astra и Astra Sports Tourer, како и новиот Grandland. Сите три моделски серии уште од почетокот ќе се нудат и во изведби со приклучен хибриден погон, за кого што постои голем интерес на пазарот.

Имаме една од најмладите моделски палети на пазарот, а со Corsa и Mokka имаме вистински бестселери – вклучувајќи ги нивните батериско електрични варијанти.

Уве Хохгешурц, шеф на Opel

Порастот во продажбата се должи во најголем дел на успехот во Германија. Opel е меѓу големоволуменските производители што во 2021 година постигнале најголем напредок на големиот пазар. Вкупно се регистрирани 162.000 нови патнички автомобили на важниот домашен пазар, најголем пазар во Европа. Марката таму учествува со дури 6,2 проценти. Тоа е за 1,2 процентен бод повеќе отколку преклани.

Само од Opel Corsa лани биле продадени близу 50.000 примероци во Германија. Тоа ѝ донесе на Corsa од шестата генерација титула на најпродаван модел од градската класа во земјата. Моделот уште подобро се издвојува во конкурентската трка со Велика Британија, кадешто Vauxhall Corsa е најпродаван модел воопшто, со близу 41.000 примероци. Покрај тоа, Vivaro-e се продавал најдобро меѓу доставните возила со електричен погон, а Vauxhall е најуспешна марка во секторот на доставни возила со погон на струја.

Opel Mokka лани ни приреди пријатно изненадување со ниската потрошувачка и малата чувствителност на потрошувачката при подинамично возење. Обемното тестирање е достапно на следниот линк

>>> Тест на Аутомедиа: Колку корист од брзото возење?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како вози хибридот на Honda без потреба од менувач?

Volkswagen го враќа електричниот e-Up во понуда