Volkswagen го враќа електричниот e-Up во понуда

Електричното мини на Volkswagen добива нова шанса. Повеќе германски медиуми во објавите се повикуваат на внатрешната комуникација на концернот Volkswagen со дилерската мрежа. Големите дилери веќе почнале да прават списоци со заинтeресирани купувачи на Volkswagen e-Up.

Старо-нова конкуренција за Dacia Spring и Renault Zoe. Волфсбург ја враќа во продажба електричната изведба на Volkswagen Up. Според најавата на германскиот оператор со електрични возила за изјнајување Nextmove, e-Up ќе биде достапен на локалниот пазар само во најопремената изведба, со цена од 26.500 евра и со досег од 250 километри.

Ситуацијата со цената на електричните автомобили се менува драстично, покрај широкоградата субвенција на германската држава за возилата што користат струја за погон. По одбивањето на субвенцијата, односно „премијата за животна средина“, Volkswagen e-Up ќе ги чини новите сопственици околу 17.000 евра. Дилерите со електрични автомобили им порачуваат на купувачите да реагираат брзо, затоа што интересот е огромен.

Volkswagen престана да прима нарачки за e-Up во 2020 година. Побарувачката за моделот порасна во невидени размери, откако германските власти воведоа зголемување на субвенциите за електрични автомобили. Волфсбург се реши на тој чекор затоа што e-Up не беше предвиден за толку високи производствени серии, а од друга страна, на Volkswagen не му се исплатуваше да го продава возилото, затоа што производителите учествуваат со 3.000 евра во субвенцијата во вкупна висина од 9.000 евра – останатите 6.000 евра ги покрива државниот буџет.

>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Во образложението што беше дадено од Volkswagen при запирањето на производството на e-Up, како причина се наведуваше неизвесноста околу времетраењето на периодот во којшто ќе се субвенционираат е-возилата. Бидејќи роковите на испорака за моделот во меѓувреме се оддолжија на 16 месеци, менаџерите на Volkswagen не можеа да бидат сигурни дека субвенциите ќе важат и во 2022 година, односно при испораката на возилата. Властите сега потврдија дека субвенциите со непроменета висина ќе продолжат најмалку до завршетокот на 2022 година.

Постојат гласини, дека Volkswagen на овој начин реагира со пополнување на ценовниот сегмент под Volkswagen ID.3. Во тој ценовен сегмент одлично се продаваат Dacia Spring и е-евергринот Renault Zoe. Првиот електричен модел на Volkswagen, што ќе биде ценовно позициониран под ID.3, со ознака ID.2, се очекува дури во 2025 година.

Volkswagen e-Up веќе стана ѕвезда во германските филмови; Најавното видео за „Nightlife“ со Палина Рожински… и e-Up.

Претходна објаваOpel го зголеми пазарниот удел во Западна Европа
Следна објаваМосква има 1.000 електрични автобуси

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here