за

Москва има 1.000 електрични автобуси

Во градскиот превоз во Москва веќе сообраќаат 1.000 автобуси со чисто електричен погон. Славеничкиот примерок е во зелен тон и порачува да се вложува во животната средина.

За повеќе од три години откако првите електрични автобуси почнаа да сообраќаат по улиците на Москва, животната средина е потедена од 60.000 тони СО2. Во тоа време, превезени се повеќе од 150 милиони патници, поминато се над 60 милиони километри и четврта зима автобусите возат без дефект.

Градоначалнкот на Москва вети дека руската престолнина ќе ја круниса минатата година со 1.000-от електричен автобус. Јубилејниот примерок доаѓа од групацијата Kamaz и исто како стотици примероци пред него е произвeден во SVARZ, фабрика во близина на Москва, што е во сопственост на државното претпријатие за јавен превоз Mosgortrans. За годинава се планира во Москва да почнат да сообраќаат уште 600 автобуси што не ѝ наштетуваат на животната средина.

Пазарот на еко-обврзници во Русија уште е во зародиш, но веќе постои голема заинтересираност за вложување во истите. Сета инвестиција во еко-овбрзниците ќе биде наменета за купување електрични автобуси и за изградба на станици за поврзување со третиот прстен на московското метро што е во изградба. Овој прстен ќе им понуди уште побрз превоз на патниците.

Илјадитиот електричен автобус ќе биде дел од тематската тројка автобуси, на коишто ќе бидат испишани реклами за вложување во екологијата. За три месеци, тематските автобуси ќе превезат 400.000 патници, односно толку лица ќе ги прочитаат пораките што се напишани во просторот за патници.

Овие стратешки зафати се преземаат со единствена цел да се подобри животната средина во градот, а со тоа да се влијае позитивно врз здравјето на жителите.

Во возниот парк од електрични автобуси во Москва се вклучени и автобуси од GAZ, руски производител што е директно присутен со застапништво во Македонија.

Технички податоци LIAZ 6274 (GAZ Group)

Должина / Ширина / Висина, mm 12 420 / 2 550 / 3 380
Меѓуоскино растојание, mm 5 960
Висина на патничка кабина, mm 2 295
Висина на под над тротоар, mm 360
Број / ширина на врати, mm 3 / 1 325
Круг на вртење, најмал, m 11.5
Тежина на празно возило / Дозволено, kg 12 220 / 18 000
Носивост на предна / задна оска, kg 6 500 / 11 500
Вкупно патници (заедно со седишта) 30+1 / 85
Задна портална погонска оска ZF
Два електромотори во задна електрична портална оска ZF AVE 130
Трајна (max.) моќност на погонски електромотор, kW 2х60 (2×125)
Вртежен момент, Nm 22,000
Батерија LTO
Опција: NMC
Период на експлоатација на батерија, до циклуси 15,000
Капацитет на батерија, kWh 77
Ултрабрзо полнење до 500A , преку пантрограф, од надворешна мрежа (300 kW)
Брзо полнење до 200 A од надворешна мрежа (150 kW)
Полнење преку ноќ 20A, преку сопствен полнач (11 kW) од индустриска мрежа 380 VAC
Досег, km до 56
Дневна километража, со делумно полнење, km до 300
Времетраење на супербрзо полнење 2–18 минути, брзо полнење 1–2 часа, преку ноќ 4–6 часа
Полначи во депоа и на станици
Максимална брзина, km/h 70

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen го враќа електричниот e-Up во понуда

Daimler лани продал 455.000 камиони и автобуси