за

На авантуристот Меснер му се допаѓа електричното комбе на Opel

Од легендарниот алпинист повеќе би се очекувало да се потпира на класични решенија. Меснер сепак го цени електричниот погон. Zafira-e Life и Vivaro-e се искачија до неговиот музеј во Алпите, на 2.275 метри над морето.

За глетката од Кронплац во Јужен Тирол се вели дека е меѓу најубавите глетки од Алпите. Оттаму се гледаат Доломитите, долината Пустер, Цилерталските Алпи, сé е на дланка. На оваа висорамнина се наоѓа музејот на алпинистичката легенда Рајнхолд Меснер. Големите ванови на Opel со погон на струја, Zafira-e Life und Vivaro-e, се искачија до „Messner Mountain Museum Corones“ (MMM Corones), за најверодостојно да докажат за што сé е способен електричниот погон.

Рајнхолд Меснер e планинар од светски ранг. Тој во 1978 година прв се искачи на Монт Еверест без кислородна поддршка и прв се има искачено на 14-те врвови на Земјата, што се повисоки од 8.000 метри. Оттогаш италијанскиот планинар ги има поминато Антарктикот, Гренланд, пустината Гоби, втор ги искачи Седумте Самити. Тој долги години е партнер на Opel, но со вакви возила од Opel, тој првпат се среќава.

Германската марка во концернот на Peugeot пушти тимови со два ванови, Opel Zafira-e Life и Vivaro-e, да се искачат до музејот на Меснер на Алпите. Планинарот на свои 76 години не пропушти да провери како електричните возила се однесуваат во сурови планински услови.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со оваа своевидна експедиција, електричните ванови докажаа дека „не се само за град“, како што постои уверување за возилата со погон на струја. Во планина секако дека има дополнителна смисла тоа што возилата се движат без каква било емисија, без звук, а воедно можат залетот при спуштањето да го искористат за полнење на батеријата и продолжување на досегот.

Opel Vivaro отсекогаш ме одушевувал со својата надежност и со одличната технологија – за мене, тоа е совршено превозно средство, особено кога станува збор за моите музеи. Посебно ме радува тоа што овие патишта сега може со Vivato-e да се извозат без каква било емисија и воедно тивко, заради почитување на животинскиот свет во планините. Се исплатува двојно, да се биде електро-мобилен

Рајнхолд Меснер

Меснер знае најдобро, колку е потребно добро комбе при работа во планините. Од отворањето на музејот MMM Corones во 2015 година, безбројни експонати морало да се пренесат до Кронплац, на 2.275 метри надморска висина. Тој и денес го користи Opel Vivaro за превоз по Алпите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Електричната изведба Opel Vivaro-e ја понесе титулата на „Светски ван за 2021 година“. Може да се избира меѓу три должини (4,60 m; 4,95 m; 5,30 m). најголемата варијанта нуди 6,6 кубни метри простор и има носивост од 1.200 килограми. За батеријата има избор меѓу 75 kWh, со досег до 329 km, како и подостапна варијанта од 50 kWh, со досег до 231 километри според реална норма.

Електромоторот со моќност од 100 kW (136 КС) и вртежен момент од 260 Nm е сосем дораснат за сите подрачја на примена, па дури и за овие. Истата техника работи и во патничката верзија, Zafira-e Life. Стабилноста во возење е впечатлива, поради тешките батерии што се долу во подот. Во Zafira-e Life може да се сместат до девет патници.

New item by Automedia MK / Google Photos

Полнењето на батеријата од 75 kWh трае 45 минути при користење брз полнач, додека за помалата батерија од 50 kWh соодветно се потребни само 30 минути, додека се постигне наполнетост од 80 проценти.

Меснер е убеден дека наскоро ќе се поднови со електричен Vivaro-e или Zafira-e Life. Марката Opel во секој случај не се менува. Уште во 1980-те години, тој возеше црвена Omega 3000 и Vectra 2000 со погон на сите тркала. Во следната деценија, прочуениот авантурист, но и автор, ја рекламираше Corsa, а возеше и Opel Monterey. Иненерите на Opel му подготвија специјална санка за потфатот на Северниот Пол.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Електрично Peugeot e-208 го прошета цело Мариово

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Volkswagen повеќе нема да се јадат кари-колбаси

Расте електричното семејство на Volkswagen: ID.4 во Порше