Irmscher: Се врати и тјунерот на Opel

Секоја автомобилска марка има тјунерска работилница на којашто возачките и возачите на марката ѝ веруваат најмногу кога треба да се извршат крупни преправки. Кај Opel, тоа е Irmscher. Тјунерот од германското гратче Ремсхалден повторно ја нуди „белата флота“.

Opel е едно од најголемите „светски чуда“ на автомобилската сцена во моментов. По преоѓањето во концернот на Peugeot се покажа дека марката може повторно да биде Opel, иако техниката доаѓа од Французите. Тоа е кога и основата одговара. Марката со молњата продава фантастично, Corsa втора година е најпродаван модел во класата во Германија, а на моменти таа се докажуваше како најпродаван автомобил воопшто во Велика Британија. Corsa неодамна беше на тест во Аутомедиа, а за тоа само кусо – не нé чуди тоа што се случува со марката.

Во меѓувреме реагира и традиционалниот тјунер Irmscher, се враќа љубовта кон Opel. Реакцијата е масивна: Irmscher, со повеќе од половина милион преработени возила за половина век постоење на фирмата, повторно ја состави „белата флота“, но сега со новите модели на Opel. Тјунерот на крајот на 1970-те години привлече многу внимание на сцената со флотата од бели Kadett C, Manta B/Ascona B и Rekord E. Основата за тие автомобили беа модели што се среќаваа насекаде, но овие беа посебни, затоа што беа тјунирани – и беа речиси комплетно бели.

https://photos.app.goo.gl/VVZr6HkvPUP8khjF6

Новата „бела флота“ се состои од актуелните Corsa, Mokka и Zafira. Освен бојата, има уште цела низа детали што ја воспоставуваат врската со автомобилите од пред половина век. На дното на предниот браник има додаток, има и впечатливи странични прагови, нов заден браник и кровен спојлер со изглед различен од фабричкиот.

Тјунирањето не се сведува само на изглед. Corsa, Mokka и Zafira на оваа адреса добиваат подвозје што е дотерано различно и овозможува каросеријата да се спушти за најмногу 30 милиметри. Подвозјето се грижи за сосем различно чувство во возењето, за подинамични возни својства и убедлива спортска нота. За максимално да се искористи „новото“ подвозје, најдобро е да се користат комбинациите од димензии на тркала и гуми што ги нуди тјунерот.

https://photos.app.goo.gl/pBJitUf4obHiK9Ch6

Има избор од најразлични дизајни – Turbo Star за Corsa или тркала од 19 инчи со комплетно нов дизајн за Mokka, со име Cosmo Star. Големата Zafira на фото-сесијата има тркала од 20 инчи, со популарниот дизајн Heli Star, со краци во форма на срп. Тркалата се препознатливи по црвениот поклопец iRS на завртките, во стил на мотоспортот. Може да се избира и меѓу најразлични налепници во црвена или црна боја.

Моторот 1.2 со 130 КС, по третманот добива 150 КС, додека Zafira од 177 КС доаѓа на рамно 200 КС. Целиот третман секако дека се заокружува и со најразлични преправки во ентериерот.

Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

 

Претходна објаваВо Германија возат повеќе од еден милион електрични возила
Следна објаваContinental ќе користи ПЕТ-амбалажа како суровина за автомобилските гуми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here