за

Continental ќе користи ПЕТ-амбалажа како суровина за автомобилските гуми

Светот рециклира сé повеќе пластика. Производителите на гуми исто така сакаат да постигнат поголема одржливост. Continental планира да направи мошне храбар чекор во рециклирањето.

Continental в година ќе започне да вмешува пластика од рециклирани шишиња во производството на автомобилски гуми. Досега користените соединенија на база на поилиестер целосно ќе се заменат со полиестерски конец што е произведен на одржлив начин.

Полиестерот што Continental наскоро ќе почне да го користи во производството на автомобилски гуми потекнува од рециклирани пластични шишиња, односно од ПЕТ-амбалажа. Како дел од т.н. апсајклинг, од ПЕТ-пластично шише ќе се добива висококвалитетна ПЕТ-суровина.

Притоа ќе се користи постапка при којашто иситнетиот материјал од пластичните шишиња ќе се вмешува во смешата за производство на автомобилски гуми, без потреба од допопнителни хемиски реакции. Технологијата е развиена во соработка со производителот на влакна и текстил Otiz и во почетокот на септември ќе биде претставена на салонот за мобилност ИАА, што првпат ќе се одржува во Минхен, место во Франкфурт.

За класичното производство на пластика се користат големи количини фосилни јаглеводороди од нафта. Поради тоа, производителите на гуми, што покрај каучук имаат потреба и од деформабилна пластика, настојуваат дел од производството да го заменат со рециклирани материјали. Michelin исто така најави дека од 2024 година ќе користи рециклирана пластика.

Гумите со вештачки каучук подобри од „природните“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Irmscher: Се врати и тјунерот на Opel

Toyota започнува со продажба на новиот Land Cruiser во Јапонија