Во Германија возат повеќе од еден милион електрични возила

Германија го надмина прагот од еден милион возила со електричен погон. Во броењето се опфатени и возилата со приклучен хибриден погон, но покрај патнички автомобили, опфатени се и товарни возила и автобуси.

Германскиот министер за економија Петер Алтмајер цени дека надминувањето на бројот од еден милион електрични возила во земјата што е синоним за автомобилска продукција, претставува „решавачка пресвртница“. Дека не станува збор за привремен тренд, министерот укажува со напомената дека „нашиот сообраќај неповратно се префрлува на обновливи енергии“.

На тоа се надоврза и министерката за животна средина Свенја Шулце, нагласувајќи дека „мораме уште еднаш да стартуваме од ново, за на крајот целосно да го искористиме потенцијалот на електромобилноста и навистина да ги достигнеме климатските цели до 2030 година“. Министерот за сообраќај исто му придава историско значење на ова достигнување на автонацијата; „Дотогаш по патиштата мора да се движат 14 милиони електрични возила.“

Повеќе од половина од возилата користат чисто електричен погон (54%), додека останатите 46 проценти се возила со приклучен хибриден погон

Само патничките автомобили се очекува да надминат еден милион примероци со електричен погон во август или во септември. На 1-ви април во Германија имало регистрирано близу 715.000 електрични возила. Оттогаш се регистрирани уште 227.000 нови автомобили со погон на струја, вклучувајќи приклучни хибриди.

Уделот на електричните возила во вкупниот возен парк во земјата и натаму е мал. Според априлската статистика, во земјата имало регистрирани 48,3 милиони патнички автомобили, од кои 31 милиони се бензинци, а 15 милиони се дизели.

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Претходна објаваBMW постигна заработка од 6 милијарди евра во вториот квартал
Следна објаваIrmscher: Се врати и тјунерот на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here