Еуроимпекс започнува кампања за Opel со 15% попуст за сопирачки

„Не се плашам да се движам напред, сè додека можам силно да закочам“ е новиот слоган на кампањата на германскиот бренд, којашто ги потсетува возачките и возачите за тие да можат безгрижно да го користат сопствениот автомобил Opel. 

Составен дел од кампањата е повикот за совесно да се користи возилото, со цел да се продолжи неговиот животен век, како и да се постигне поголема безбедност на патниците и општо во сообраќајот. Под совесно користење на возилото се подразбира редовна грижа за истото и навремена проверка на системот на сопирање.

Од Еуроимпекс потсетуваат дека системот за сопирање игра клучна улога во безбедноста, како за возачот, така и за патниците и за сите други учесници во сообраќајот, и како таков мора редовно и навремено да се прегледува и одржува.

Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото и се подложни на абење. Системот за сопирање е составен од елементи кое се трошат при сопирање, поради што е потребно тие редовно да се проверуват и по потреба да се заменат. Проверката важи посебно кога се поаѓа на подолго патување со повеќе патници и багаж, како и во услови кога автомобилот се користи во отежнати услови, на пример, често спуштање по надолнина, спортско возење и др.

Раководејќи се според тоа, од Еуроимпекс ги советуваат возачките и возачите на Opel да се консултираат со овластените сервисни точки за Opel и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период, како што препорачува производителот.

Ова е одлична можност за сите Opel сопственици, да го проверат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Opel во Македонија и истата е со времетраење до 15.11.2021 година.

>>> Новата Opel Astra внесува „класа“ меѓу компактите

Претходна објаваБугарија предводи со највалкан возен парк во ЕУ
Следна објаваКонцернот Volkswagen во третиот квартал продал 122.000 чисто електрични возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here