Волфсбург во периодот од јули до септември продал 122.100 чисто електрични возила, значи не сметајќи ги приклучните хибриди. Секако дека тоа е нов рекорд. Секое четврто електрично возило од марките на концернот Volkswagen во третиот квартал е продадено во Кина.
Напредува електричната офанзива на концернот Volkswagen. Од почетокот на јули до крајот на септември се испорачани 122.100 чисто електрични возила, што претставува раст од 109 проценти во споредба со истиот период лани. Најголемиот раст доаѓа од Кина, каде што наспроти 18.300 електрични возила во првото полугодие, само во трите претходни месеци биле продадени дури 28.900 електрични возила.
Учеството на возилата со погон само на струја во третиот квартал достигнало 6 проценти. Вкупно од почетокот на годината се испорачани 293.100 чисто електрични возила, што е повеќе од двојно во споредба со првите девет месеци лани (+138 проценти). Одлично минуваат и возилата со приклучен хибриден погон (PHEV). Нивната продажба достигнала 246.000 примероци до крајот на септември (+133%).
Volkswagen предводи меѓу концерните во Европа во продажбата на електрични возила
Европа е најголем пазар, со 209.800 возила до септември, односно со учество од 72% во глобалната продажба на електрични возила од концернот. Што се однесува до учеството на возилата на Volkswagen во вкупната продажба на електрични возила во Европа, концернот е прв, со удел од 26 проценти.
Во САД се продадени 27.300 чисто електрични возила, кои претставуваат 9% од продажбата на концернот. Уделот на Volkswagen во овој сегмент во САД изнесува 8 проценти, што му обезбедува трето место на концернот.
Наскоро се придружува и Cupra Born, како премиум модел со спортски нагласок
Во Кина до крајот на септември се испорачани 47.200 чисто електрични возила, или 16% од вкупната продажба на концернот. Во третиот квартал, Volkswagen учествувал со 24% во пазарот на електрични возила во земјата што повторно бележи голем раст кај електричните возила. Тоа е согласно очекуваните 80.000 до 100.000 примероци од моделското семејство ID за годинава.
Матичната марка Volkswagen до крајот на септември испорачала 167.800 електрични возила до крајот на септември (удел 57%). Потоа следат Audi со 52.800 возила (удел 18 проценти), Škoda со 32.100 возила (удел 11 проценти), Porsche со 28.600 возила (удел 10 проценти) и Seat со 8.800 возила (удел 3 проценти).
ТОП 5 најпродавани модели со чисто електричен погон до септември:
- Volkswagen ID.4 72.700 возила
- Volkswagen ID.3 52.700 возила
- Audi e-tron (заедно со Sportback) 36.100 возила
- Porsche Taycan (заедно со Cross Turismo) 28.600 возила
- ŠKODA Enyaq iV 28.200 возила
Концерн Volkswagen – Испораки на чисто електрични возила (BEV)
Испорачани возила
по пазари |
Јул.–Сеп.
2021 |
Јан.-Сеп.
2021 |
Европа | 81.700 | 209.800 |
САД | 8.800 | 27.300 |
Кина | 28.900 | 47.200 |
Останати | 2.700 | 8.800 |
Свет | 122.100 | 293.100 |
Испорачани возила
по пазари |
Јул.–Сеп.
2021 |
Јан.-Сеп.
2021 |
Volkswagen патнички | 75.000 | 167.800 |
Audi | 20.000 | 52.800 |
ŠKODA | 14.400 | 32.100 |
SEAT | 2.700 | 8.800 |
Porsche | 8.800 | 28.600 |
Volkswagen товарни | 1.100 | 2.300 |
MAN | 100 | 600 |
Scania | – | – |
Navistar | – | – |
Bentley, Lamborghini, Bugatti | – | – |
Volkswagen концерн | 122.100 | 293.100 |
>>> Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија
