за

Opel Corsa трета сезона вози рели со погон на струја

Соработката меѓу Opel и клубот ADAC во рели со електрични автомобили продолжува во третата сезона. Ново е името, Opel Electric Rally Cup GSe.

Opel беше пионер кога ја пушти својата електрична Corsa-e да вози рели, во првиот рели-куп со електрични автомобили од една марка, и сега ја најавува третата сезона.

Пред почетокот на третата сезона во првиот куп во светот со електрични автомобили од една марка, купот го менува името од ADAC Opel e‑Rally Cup, во ADAC Opel Electric Rally Cup „powered by GSe“. Германската марка под знакот на молњата се подготвува за електричната иднина, кога во својата понуда ќе има исклучиво елеткрични автомобили, но во исто време ги електризира и своите активности во мотоспортот

Од таа причина, името на новата спортска подмарка GSe (Grand Sport electric) отсега ќе биде присустно и во името на електричната тркачка серија. ADAC Opel Electric Rally Cup „powered by GSe“ во календарот за 2023 година има уште повеќе трки надвор од Германија. Во четири држави (Германија, Франција, Австрија, Швајцарија) ќе се возат вкупно осум трки. Opel и ADAC воедно соопштија дека го продолжуваат договорот за уште една сезона.

Соработката меѓу автомобилскиот производител од Риселсхајм и најголемиот клуб на возачи во Европа, опстојува подолго од десет години. Покрај релито со електрични автомобили, тие се организатори и на ADAC Opel Rally Junior Team, како платформа на којашто се покажуваат новите возачки таленти.

Најмногу внимание во календарот на трки за 2023 година привлекува завршетокот на сезоната на Централното европско рели во Пасау. Возачите во купот, со своите Opel Corsa Rally Electric со 100 kW/136 КС, ќе возат во рамките на финалето на светското првенство во рели.

Датумите за ADAC Opel e-Rally Cup 2023

05./06.05. ADAC Rallye Sulingen D

02./03.06. Rallye du Chablais, Aigle CH

17./18.06. Rallye du Vosges Grand-Est, Gérardmer F

14./15.07. Rallye Weiz A

18./19.08. ADAC Saarland-Pfalz Rallye, St. Wendel D

01./02.09. Rallye Mont-Blanc, Morzine F

29./30.09. ADAC Rallye Stemweder Berg, Lübbecke D

27.-29.10. Central European Rally, Passau D/A/CZ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Салонот на автомобили во Шангај привлече речиси милион посетители

Toyota GR Supra GT4 во славеничка серија „100“