за

Toyota GR Supra GT4 во славеничка серија „100“

По повод стоте изработени примероци од GR Supra GT4, модел наменет за приватни тркачки тимови во GT-првенствата, Toyota подготви специјална серија.

Toyota ќе изработи само три примероци од специјалниот модел GR Supra GT4 100 Edition, со којшто се одбележуваат сто испорачани тркачки болиди GR Supra GT4, наменети за приватни тркачки тимови во GT-првенствата.

Toyota Gazoo Racing притиска силно врз гасот и надвор од тркачките патеки. Спортскиот огранок на јапонскиот производител штотуку го изработи стотиот примерок од тркачката Toyota GR Supra GT4. Тоа е повод за славење.

Само три примероци од GR Supra GT4 100 Edition ќе бидат пуштени во продажба. Покрај ексклузивниот лак, обележја на славеничкиот модел се специјално дизајнираните каросериски детали напред, како и плочка со серискиот број на возилото. Исто како тркачките возила што учествуваат во GT-првенствата, моделот се заснова врз класичната GR Supra.

Toyota Gazoo Racing во пролетта 2020 ја понуди GR Supra GT4, како врвно подготвен тркачки автомобил, со којшто приватни тркачи и млади таленти можат да учествуваат во GT-првенствата ширум светот.

Оттогаш, возилата GTR Supra GT4 учествувале на 317 трки, на коишто постигнале 79 победи во класа и 20 вкупни победи, односно вкупно 207 пласмани на подиумот. Тука не се вклучени трките во тековната сезона.

Годинава само во Европа се тркаат 27 возила Toyota GT4 за бодови и триумфи, во различни класи и серии, вклучувајќи ја серијата трки во издржливост на Нирбургринг, како и ADAC GT4 Deutschland. Дваесет возила се натпреваруваат во Северна Америка, дванаесет во Азија.

Приватните тимови добиваат поддршка на самите трки од искусни инженери на Toyota Gazoo Racing. Искуствата и сознанијата сткнати на трките, Toyota ги вклучува во развојот на новите модели, наменети за секојдневието.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Corsa трета сезона вози рели со погон на струја

Тристотини електрични Fiat 500 за изнајмување низ Париз