Париз се поврзува со кар-шерингот уште откако светот првпат почна да учи за услугата, што овозможува возила да се најмат за користење на само неколку минути, па и неколку часови, откако претходно преку мобилна апликација ќе се најде најблиското возило што стои на располагање. Новината во услугата за кар-шеринг на Free2move, е во тоа што од пролетва на корисниците им нуди можност да изнајмат елеткричен Fiat Nuova 500 во светската престолнина.
Кога ќе затреба автомобил на кратко време по улиците на Париз, отсега може да се изнајми електричен Fiat Nuova 500. Станува збор за услуга на познатата компанија Free2move, којашто е дел од Stellantis, исто како Fiat. Идејата на кар-шерингот е да се намали метежот по улиците, што меѓу другото е во корист и на животната средина и квалитетот на живеењето во градовите. Со електричен Fiat Nuova 500, што не испушта ниту грам штетни материи, сето тоа има уште поголема смисла.
Fiat постигна вистински погодок со Nuova 500, којшто се произведува исклучиво во електрична изведба и користи различна платформа од иконскиот „500“. Италијанскиот електромобил е втор најпродаван модел со погон на струја, на 10-те најголеми пазари во Европа. Вкупно 305 примероци од Fiat Nuova 500 се пуштени за користење за јавноста по улиците на Париз. Доволни се неколку кликнувања на апликацијата, за возило да се изнајми, и на крајот да се плати за услугата.
Колку е заокружена целата идеја во Париз, се покажува со можноста електричните возила да се полнат бесплaтно на сопствената мрежа од полначи на градот Париз, познатата Belib’. И на тоа следи уште еден вау-момент: Времето на користење на изнајмено возило од Free2move, може да се продолжи до 28 денови.
View this post on Instagram
Од Fiat коментираат дека нивната дневна задача, во улога на производител на автомобили, се состои во тоа, да се смени смислата на возењето во град, со цел тоа да биде корисно за животната средина, и секако, да биде достапно за сите.
Цените на car-sharing ја откриваат причината за популарноста на услугата во големите градови
- 1 минута изнајмување: 0,24 евро
- 1 час изнајмување: 14,40 евра + 0,19 евро од километар
(цени за услугата во Париз)
















