Opel Corsa-e Rally извозе многу „напната“ сезона

Во организација на германскиот автоклуб ADAC, со електрична Opel Corsa-e Rally се возеше првиот рели куп со електрични автомобили од една марка во светот, со учество на млади возачи од шест држави.

Покрај тоа што рели-купот со електричната Opel Corsa-e Rally е прв од ваков вид во светот, беше применет и сосем нов концепт на организација. Се возеа вкупно седум трки за бодови, од кои три во рамките на германското првенство во рели и три R70-трки на национално ниво, со стартот на трката за европското првенство во рели во Злин, Чешка, како врв на сезоната.

Директорот за мотоспорт на Opel, Јерг Шрот, коментира за сезоната: „Докажавме дека електричниот рели-спорт функционира. Зa да се совладаат разновидните предизвици на ваквите пионерски проекти, потребни се иновациски дух, храброст и силна соработка.“ Покрај клубот ADAC, за првенството со Opel Corsa-e Rally да се одржи успешно помогнаа TotalEnergies и eLoaded. Последниве се погрижија за поставување полначи на местата на одржување на трките.

https://photos.app.goo.gl/4t5RFdnbuWCkvKgUA

Сезоната мина во знакот на еден возач, 26-годишниот Француз Лорен Пелје, кој постигна ништо помалку од шест победи и со тоа уште пред завршетокот на сезоната стана прв победник на рели-куп со електрични возила од една марка. Второто место го освои 21-годишниот Германец Макс Рајтер, третопласирани се Тимо ван дер Марел (32, Холандија) и Лука Валдхер (27, Австрија).

Opel Corsa Rally4 се држеше одлично против конкуренцијата

Одлично се покажа и Opel Corsa Rally4, со класичен погон со 208 КС. На прочуеното рели Барум во Чешка, фабричкиот возач Маријан Грибел и совозачот Тобијас Браун водеа во својата класа, но кусо пред крајот им се случи дефект. „Тоа е вообичаено да се случи на едно рели“, охрабрува Грибел, „но, поважно е што се докажа дека Corsa Rally4 е мошне конкурентна во исклучително силната конкуренција.“

https://photos.app.goo.gl/RREkr9XzphQtt82W7

https://photos.app.goo.gl/PmojZVxbipKtHsYGA

>>> Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

 

Претходна објаваКолку алкохол е премногу алкохол?
Следна објаваLexus може да биде и гитара, и тоа Fender Stratocaster

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here