Тоа е статистика што институциите редовно пропуштаат да ја прикажат во јавноста, а истата укажува на масовно возење под дејство на алкохол. За дваесет години, вкупно 3.487 возачи на патнички автомобили предизвикале незгода во којашто загинало или било повредено најмалку едно лице. Причина за настанокот на незгодата е возењето под дејство на алкохол. Преку прегледен пример, покажуваме како одредена количина алкохол влијае врз способноста.
Бројките се поразителни. Во Македонија масовно се вози под дејство на алкохол. Можеби на тв-дневниците се прикажува дека состојбите во сообраќајот се под контрола и се постигнува огромен напредок, но далеку е од тоа. Статистиката покажува неоспорно и нема место да се коментира поинаку: Од 2001 до 2020 година, во Македонија се забележани вкупно 4.148 незгоди со загинати или повредени лица, коишто биле предизвикани поради учество во сообраќај под дејство на алкохол.
Во тие 4.148 незгоди, или во просек по 215 незгоди поради алкохол на годишно ниво, загинале 125 лица, но и биле повредени вкупно 6.102 лица, или просечно по 305 лица за една година. Ако не се бројат неделите, тоа значи дека секој ден најмалку едно лице е повредено во сообраќајот, со алкохолот како главна причина за возачите да ја предизвикаат незгодата.
Европската статистика е уште попрецизна и отрезнувачка. Опасноста да се учествува во сообраќајна незгода, уште при 0,8 промил во крвта е речиси трипати повисока отколку во случај кога зад воланот седи трезен возач. При 1,1 промил, ризикот е шесткратно поголем. Над таа вредност, судовите во повеќето држави во Европа утврдуваат дека возачот е апсолутно неспособен да управува возило и истиот одговара соодветно за тоа.
Но, кога алкохолот станува премногу? И, како одредена количина алкохол во крвта влијае врз возачката способност? Прегледот во продолжение кажува многу.
Како количината алкохол влијае врз способноста (галерија со 5 различни степени на алкохол):

Пример за возрасен маж со 80 kg телесна тежина
>>> Возач сакал да прикрие докази за судирот, побегнал со таблиците