Шпанските власти планираат да воведат нова мерка во борбата против возењето под дејство на пијанство. Парламентот подготвува закон со којшто од следната година во автобусите и камионите ќе се вградуваат брави што спречуваат возење во алкохолизирана состојба.
Европската Унија гласаше во 2019 година, во сите нови генерации на модели на автомобили, доставни возила, камиони и автобуси, од следната година да се вградува интерфејс за поврзување со алко-брава. Следен чекор е сите нови произведени возила по 2024 година да располагаат задолжително со таков интерфејс.
Шпанската влада е уште построга и бара автобусите и камионите да бидат опремени со уреди што спречуваат стартување на возилото, откако алко-тестот во истото ќе покаже дека возачот има ниво на алкохол што е над дозволеното.
Во Франција веќе е на важност закон што пропишува задолжително вградување алко-брави во автобусите и камионите.
















