Само 100 примероци ќе се изработат од оваа гитара на прочуениот Fender. Специјалниот Stratocaster го носи името на Lexus LC, луксузното купе коешто сцената го познава меѓу другото по неговата единствена боја, изработена според пример од природата.
Lexus звучи убаво. Јапонската премиум марка ја претстави својата прва гитара во соработка со Fender Musical Instruments Corporation. Гитарата со име Fender Lexus LC Stratocaster ја прославува страста што двете компании ја имаат за впечатлив дизајн, технологии што се лесни за користење и за вешт занаетчиски зафат, за тоа што Јапонците го водат како такуми. Најновата специјална изработка на мастер изработувачот Рон Торн ќе биде достапна во само 100 примероци, преку Fender Custom Shop.
Стратокастерот е лакиран во стратус сина боја. Тоа е спектар на бои што е инспириран од пеперутката од видот морфо, што покрива цел дијапазон, од светло металик сина до темно сина боја. Во истата боја се испорачува Lexus LC 500 Coupé, кој е купе-пандан на лимузинскиот знаменосец LS.
Самиот лак не содржи материјал во сина боја. Таа се постигнува само преку интерференцијата на светлосните зраци. Оваа единствена боја се добива со нанесување повеќе слоеви безбоен материјал.
Вратот на гитарата е изработен од 3А-јавор и лакиран е со уретан во сјајна црна боја, заради контраст со останатите елементи на инструментот што се издвојуваат со изгледот. Сето тоа е изработено верно на традицијата на работа со дрво на Fender.
https://photos.app.goo.gl/wWrLqBhtfAEKSLym6
За грифот првпат се користи темносив, полиран ричлајт. Овој композитен материјал е познат по акустичните квалитети, структурната цврстина и по отпорноста на абење и на влага. Грифот има радиус од 12 инчи и 22 медиум-џамбо прагови од благороден челик, а белите Luminlay-вметоци во затемнетите полиња светат сино.
Неколку делови потсеќаат на автомобилски детали, а за пикапите првпат се користат единечни безвучни намотки. Главата е лакирана во структурната сина боја на Lexus, со хромирано лого на Fender. Куќиштето е обложено со винил и со карбонска плоча, украсено со црни кожени приклучоци и шиено лого на Lexus на деклата.
Техничките податоци и останатите информации за новите производи на Fender може да се погледнат онлајн на www.fendercustomshop.com.
https://photos.app.goo.gl/uLEHYG61Fcf5zpJXA
https://photos.app.goo.gl/MshUh2zsLJiA8rmw6
https://photos.app.goo.gl/6zLarnG4LSrL7Bqx8
https://photos.app.goo.gl/6Ri9wsdsUGzTUbpC9
https://photos.app.goo.gl/MC7uAKH49744Hgro6
https://photos.app.goo.gl/XhZgJu6U8hRbCdZd8
















