за

Најважните новитети кај Opel Astra L

Денес во седиштето на марката во Риселсхајм се одржа светската премиера на новата генерација на Opel Astra.

Opel почнува нова ера во 85-годишната историја на своите модели од компакт класата, што своите корени ги влече уште од првиот Kadett. Во продолжение ги наведуваме главните факти околу новиот модел, што секако дека претставува еден од најважните новитети годинава.

  • Светска премиера: 1-ви септември 2021 во Риселсхајм, пред 180 новинари присутни директно и повеќе од 500 новинари што го следеа настанот преку дигиталните канали
  • Почеток на нова ера во 85-годишната историја на моделите од компакт класата на Opel: Комплетно новата генерација на Astra ја користи платформата EMP2, иста платформа со новиот Peugeot 3008, и првпат е достапна со приклучен хибриден погон во две варијанти.
  • Во 2023 година ќе стартува целосно електрична изведба Opel Astra-e
  • Понудата од погонски единици ја сочинуваат штедливи бензински и дизел мотори, во комбинација со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач, со посебно ниски внатрешни отпори
  • Спектар на моќност од 110 КС за 1.2 Turbo до 225 КС за хибридната изведба
  • Нарачките стартуваат наесен, првите автомобили ќе бидат испорачани во почетокот на следната година

ДИЗАЈН И ДИМЕНЗИИ

  • Моќен дизајн со Opel Vizor и со опција за двобојна каросерија, со подинамичен изглед од кога било досега, со јасна и водбудлива линија
  • Со 4.374 mm должина и 1.860 mm ширина, новата Opel Astra е само 4 mm подолга од претходничката. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.675 mm, што е за 13 mm повеќе од претходно
  • Зафатнината на багажникот со соборени седишта достигнува 1.250 литри

ТЕХНОЛОГИИ, СИСТЕМИ ЗА АСИСТЕНЦИЈА И КОМФОР:

  • Првпат во компакт класата: Најнови светла Intelli-Lux LED® Pixel со 168 диодни модули, по 84 на секое светло. Единствени модели на Opel со оваа технологија се знаменосецот Insignia и СУВ-моделот Grandland во неодамна освеженото моделско годиште
  • Нова генерација на целосно дигитален кокпит Opel Pure Panel, што се состои од два широкоаголни дисплеи кои во повисоките нивоа се поставени под заеднички панел. Лесно дигитално ракување со само неколку прекинувачи и регулатори, на пример за климата.
  • Напредни системи за асистенција: Мултифункциска камера во ветробранот и уште четири камери – една напред, една назад и по една од секоја страна; пет радарски сензори (во секој агол и напред), како и ултразвучни сензори напред и назад
  • Системот Intelli-Drive 2.0 ги комбинира сите камери и сензори со поддршка за eHorizon-Connectivity – на тој начин дополнително се продолжува досегот на камерите и на радарот; Системот може самостојно да ја смали брзината во свијоци, да препорача брзина и да изведе полуавтоматско престројување на автопат
  • Радарски темпомат со самостојно и запирање и поаѓање при возење во колона, во комбинација со автоматски менувач
  • Проекциски дисплеј
  • Активен систем за следење лента го поставува возилото во средината на лентата
  • Напредно читање сообраќајни знаци
  • Асистентот при возење наназад препознава кога наидува друго возило или пешак
  • Предупредување при возило во мртов агол
  • Intelli-Vision со преглед во 360 степени, како и други технологии што го олеснуваат паркирањето и отпаркирањето, односно маневрирањето во градски сообраќај
  • Нова генерација инфо-забавни системи со ракување преку дисплеј или преку говор: Компатибилните телефони се поврзуваат безжично
  • Wireless Charging за соодветни телефони
  • Седишта со највисок комфор во класата, со печат AGR (Aktion Gesunder Rücken, односно акција за здрав грб): Елеткропневматско нагодување во слабинскиот дел; При доплата за седишта обложени со напа кожа, во нив се вградува климатизација и масажа; По желба се испорачуваат и стилски облоги од алкантара.

>>> Тест · Opel Corsa 1.2 DI Turbo GS Line

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возење Porsche како автомобилски спа-третман: Road Tour 2021

Тест на Toyota Camry: Дали хибридот штеди и на отворено?