за

Боите на Opel: Тоа што зелената е за Mokka, жолтата е за Astra

Секој модел на Opel добива препознатлива боја, во којашто се појавува на сите реклами и на сите настани пред јавноста. Затоа светот ја гледа Mokka обично во зелена боја, а новата Astra ќе ја гледа сé почестои во златно жолта боја. Има и дополнителна еко-приказна.

Најочигледната одлика на новите модели на Opel секако дека се боите. Astra и Mokka, како пример, секогаш се појавуваат во живописни и експресивни бои. Заштитна боја на новата Astra е Kult Yellow, како комбинација на традицијата на Opel со актуелните трендови. Тоа што Opel има да го каже дополнително е темата на одржливоста. Со примена на процес на бојадисување „3-wet“ се смалуваат штетните емисии во лакирницата.

Со новата Opel Astra и Opel Mokka, германскиот производител не само што дизајнираше два исклучително возбудливи нови автомобили, туку создаде и две извонредни нови бои. За такви моќни автомобили, како што се повеќекратно одликуваната Mokka и новата Astra, Opel се одлучи за живописни, впечатливи нови бои: Зелена за Mokka и жолта за Astra.

„Боите за автомобили не само што треба да го задоволат купувачот, туку мора да одговараат и на големината и обликот на автомобилот“, изјави Никол Хајдт, помошничка главна дизајнер каза боја и материјали. „На модел од компактна класа, како Astra, најдобро одговараат софистицирани мика или металик бои, коишто се исто така многу популарни меѓу клиентите во тој пазарен сегмент.“

Уште на почетокот на развојот на новата Astra, тимот за маркетинг на Opel го информираше тимот за дизајн дека сака шестата генерација на најпродаваната Astra да биде достапна во жолта боја, која има долгогодишна традиција како бојата на брендот

Како и обично со целосно нова боја, Никол Хајдт го започнала процесот на креирање со истражување на трендовите на боите, користејќи професионални алатки. Додавајќи го и сопственото искуство, таа почнала да размислува за создавање нов потемен жолт тон за новата Astra. Nicole потоа ги испробала своите идеи во сопствената лимарија каде таа лично го дизајнирала „рецептот“ за новата боја.

Користејќи чаша од 200 милилитри и неколку грама различни бои за лакирање на автомобили од водечки снабдувач, таа ги измешала состојките додека резултатот не се совпадне со нејзината идеја.

Следно, дизајнерката подготвила „табла за расположение“ – колаж од слики – и примероци од бојата за да ја претстави новата боја на тимот за дизајн менаџмент и маркетинг. По нивното одобрување, Никол потоа направила примероци на бојата за добавувачот во фабриката во Риселсхајм, чиј финален производ мора што е можно поблиску да одговара на дизајнерската идеја и примероците од бојата за сериско производство.

Детален процес: Развојот на нови бои може да потрае и до четири години

Процесот на развој на нова боја за нов модел, може да потрае и до четири години, а финализираната нова боја мора да биде „подготвена за прскање“ од роботи, 12 месеци пред почетокот на производството. „Жолтата што ја избравме како боја за лансирање на новата Astra на почетокот на процесот се покажа како добар погодок“, вели Никол Хајдт. „Таквите бои се навистина во тренд сега“.

Во случајот на Mokka, помало спортско корисно возило (SUV) со помлад профил на клиенти од новата Astra, Opel бараше смела, спортска нова боја. Истражувањето на Никол Хајдт покажа дека зелените тонови се многу во тренд. „Зелената е исто така совршена боја за електрично возило со батерии, како што е Mokka-e“, додава таа.

Процес на боење „3 wet“: годишнта емисија на CO2 се намалуваат за околу 2.200 тони

Електричните возила како Opel Mokka-e или новата Astra plug-in хибрид се само два начина на кои германскиот производител на автомобили придонесува за одржлива мобилност. И бојадисувањето има своја улога.

На пример, новата боја “Kult Yellow” кај Astra се применува во производствената фабрика во Rüsselsheim каде што емисиите од лимаријата се значително намалени.
Објектот во моментов користи метод на бојадисување „3-wet“ со кој се отстранува еден целосен чекор на сушење од процесот.

Во споредба со конвенционалните процеси на бојадисување, ова ја намалува годишната емисија на CO2 за околу 2.200 тони, додека сè уште обезбедува високo ниво на заштита од корозија и оштетување од мали каменчиња.

Дополнително, годишната потрошувачка на вода е намалена за околу 1.800 кубни метри.

Со Opel Grandland до Луке: Патување најдалеку на север

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

По ланскиот победнички поход во класата, малечкиот СУВ-модел Suzuki Ignis Hybrid годинава освои награда за „Best Buy“ во изборот на британскиот магазин What Car за 2021 година. Откако мина темелни тестирања и оценувања од страна на уредничкиот тим на магазинот, Ignis беше прогласен за модел што нуди најдобра противвредност во класата на малечки СУВ-модели. Како и сите модели во понудата на јапонскиот прозиводител, во Suzuki Ignis работи благ хибриден погон, со стартер-генератор и мала батерија под совозачкото седиште. Со 1,2-литарскиот 1.2 Dualjet хибриден погон и со погон напред, Ignis освои награда од магазинот и во рамките на изборот за најштедливи автомобили, што WhatCar го води под името „True Mpg“. Малечкиот СУВ беше најштедливиот модел тестиран од тимот. Со тоа уште еднаш се покажа веродостојноста на прогласувањето на Suzuki Ignis за победник во „True Mpg“ во 2019 година и лани. Читателите на What Car? Практикуваат да се консултираат со тимот на магазинот околу изборот на автомобил, и во случај кога се бара нешто мало, достапно и со ниски трошоци за одржување, што е воедно и лесно за возење, Ignis се наоѓа високо на листата на препораки од британскиот тим. Дополнително постои и можност да се избере варијанта со автоматски погон на сите тркала Allgrip . Уедникот на What Car, Стив Хантингфорд, коментира околу изборот: „Доколку сакате седење на повисоко во автомобил со мали димензии што е погоден за низ град, по достапна цена, речиси и нема подобар избор од Ignis. Автомобилот убедува и откако ќе се излезе од градот, бидејќи тој е наштедливиот автомобил што сме го тестирале на споредни патишта и автопати, постигнувајќи соодветно 3,77 L/100 km и 5,29 L/100 km на нашите реални True MPG тестови

Неоткриените таленти на Suzuki Ignis сега доаѓаат до полн израз

Електричен Mercedes EQE со претплата се вози за 1.600 евра месечно