Opel има нов дизајн за молњите: Електризирачко лого

Германската марка на Stellantis има причина зошто како единствена марка од концернот ќе изложува на салонот за мобилност во Минхен, наследникот на ИАА Франкфурт. Opel на салонот во септември првпат ќе го прикаже новото лого.

Opel изработи нов дизајн на заштитниот знак на својата марка, на „блицот“, на германски јазик, односно на молњата по нашки. Од 2024 година, сите модели на Opel ќе го носат новиот знак.

Исто како досега, молњата ќе биде средиштето од коешто почнува „компасот“, односно шемата на дизајнот, што е заедничка за сите модели на германската марка. Молњата не го менува местото, односно останува во средината на Opel Vizor, како што дизајнерите ја нарекуваат препознатливата маска на моделите од Риселсхајм.

Со новото лого, Opel уште еднаш потсетува дека молњата е најверодостојниот симбол за електрификацијата што ѝ се случува на браншата. Новото лого практично е знак дека Opel напредува со силно темпо кон моментот кога ќе прерасне во марка што ќе нуди исклучиво електрични возила.

„Нашата молња е поважна од кога било досега. Покрај тоа што таа го симболизира нашето мото, да направиме иновациите и мобилноста да бидат достапни за сите, туку таа ја претставива и нашата мисија, до 2028 година во Европа да станеме целосно електрична марка. Уште во тековната година ќе имаме веќе 15 елеткрифицирани модели во понуда и со гордост ќе можеме да кажеме: Opel е електричен“, вели извршиот директор Флориан Хутл.

За новото лого зборува и човекот што е одговорен за изгледот на Opel, главниот дизајнер Марк Адамс: „Острата и самоуверена нова молња го пресекува прстенот околу неа и на тој начин на нашето препознатливо лого му дава уште попрогресивен и помодерен изглед. Таа гордо стои во средината на компасот на Opel, нашиот центртален дизајнерски принцип. Компасот ја сочинува незаменливата основа на дизајнот на предниот и задниот дел, и на внатрешноста.“

Opel во следните години постепено ќе го воведува новото лого во својата моделска понуда. Веќе во 2024 година ќе се појави првиот сериски модел со новото лого.

Шефот Хутл најавува и големо изненадување кога ќе ја претстави новата молња пред јавноста. Не е исклучено големото изненадување да биде кросовер изведбата на Opel Astra, по пример на Peugeot 408 или Citroen C4 X.

Претходна објаваAudi поаѓа во офанзива со осум нови модели
Следна објаваToyota C-HR, генерација втора: Градба на солидни темели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here