за

Оксфорд: Користењето велосипед е делотворна мерка против глобалното затоплување

Универзитетот во Оксфорд излезе со студија што покажува дека масовното користење велосипед или пешачење е делотворна мерка против СО2.

велосипед против глобално затоплување

Возењето велосипед, електричен велосипед или пешачењето може да ја ублажат климатската криза, дури и доколку само еден ден во неделата се користи овој активен транспорт, место автомобилот. Тоа го покажа новата студија на истражувачите од катедрата за студии по транспорт на Универзитетот во Оксфорд.

Намалувањето на штетната емисија не може да се постигне без драстично намалување на моторниот транспорт, ценат екпертите по транспорт на Универзитетот во Оксфорд. Според британските научници, преоѓањето на активен транспрот, значи возење велосипед или пешачење, може да помогне за емисијата на СО2 по човек да се намали за една четвртина.

Ова е прва студија за тоа како промените во животните навики во градските средини можат да влијаат врз намалувањето на емисијата на јаглероден диоксид.

Студијата се базира врз следењето на близу 2.000 лица што секој ден минуваат одредено растојание до работното место. Анализата покажа дека со замена на само едно возење дневно со велосипед место со автомобил, ја смалуваат својата емисија на СО2 за 0,5 тони на годишно ниво. Тоа претставува зналително намалување на емисијата.

Доколку само 10% од населението ги смени своите навики за патување, намалената емисија ќе одговара на 4% од вкупната емисија на СО2 од сите патувања со автомобил.
Др. Кристијан Бренд, Универзитет во Оксфорд

Истражувачите заклучуваат дека замената на моторизираното со активно патување, со зголемено користење велосипед или пешачење, во подолг рок води кон намалување на емисијата на СО2 што потекнува од мобилноста. Кусо, има ефект.

Британската анализа доаѓа во почетокот на 2020-те, којашто треба да биде „деценија на акција“, со цел да се забави климатското затоплување. Во ноември годинава се одржува климатскиот самит COM26 UN.

Од градовите што се опфатени во студијата, просечната емисија на СО2 по жител, што произлегува од транспортот (исклучувајќи авио-летови и железница), се движи од 1,8 тон СО2 по човек на годишно ниво во Велика Британија, до 2,7 тони СО2 во Австрија. Според Глобалниот Атлас за јаглероден диоксид, за Велика Британија, просечната емисија на СО2 по жител од сите активности, изнесува 8 тони годишно.

Др. Бренд објаснува: „Вообичаен одговор против климатската криза е ‘нешто да се преземе’, од типот на садење дрва, или преоѓање на електрични возила. Сето тоа е важно и делотворно, но е недоволно доколку се сака брзо да се исполнат амбициозните климатски цели.“

>>> Илон Маск донира 100 мио. $ награда за пронаоѓач на технологија за собирање СО2

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki Hustler продажба јапонија

Suzuki втора најпродавана марка по Toyota во Јапонија лани

bentley 3 liter sport james young 506

Единствениот Bentley што носи морско коњче на маската