за

Единствениот Bentley што носи морско коњче на маската

Во Автомобилскиот град на концернот Volkswagen, во една од музејските збирки се наоѓа Bentley од 1924 година, што е посебен по знакот на маската.

bentley 3 liter sport james young 506

Во Аутоштат, автомобилскиот град во Волфсбург, се наоѓаат некои од највредните автомобили од историјата на марките што денес се дел од концернот Volkswagen. Станува збор за 260 возила од преку 60 марки. Една интересна приказна за Bentley 3 Litre Speed, нарачан од извезен Ентони Метли во 1923 година, со бронзена фигура на морско коњче што го краси ладилникот.

Кога Метли го нарачувал своето возило, како што било вообичаено на времето, тој можел да избира која каросериска работилница ќе ја изработи надградбата врз шасијата. Како еден од само 32 клиенти на моделот 3 Litre Speed, Британецот се решил за James Young & Co. Тоа бил каросериски специјалист, основан во 1863 година во Бромли, познат по скапите каросериски надградби.

Метли го презел својот четирисед со надградба од James Young и со број на шасија 506 на 24-ти февруари 1924 година во фабриката на Bentley во Криклвуд. Документацијата за педантното водење на сервисната историја постои до денес. Сопирачките првпат биле „прештелувани“ на 10-ти јануари 1925 година. Во ноември, при 9.746 милји, бил дотеран зјајот на вентилите и во исто време бил отстрането клатењето во управувањето. Во 1927 година бил извршен првиот ремонт на моторот. Потоа биле сменети клиповите, водната пумпа и лежиштата на коленастото вратило. Во документацијата рачно се напишани и забелешки за незгодите. Записите завршуваат во 1938 година, со забелешка дека се нарачани „разни чаури и едно лежиште за карданското вратило“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Трагата на трилитарскиот Bentleys се губи до 1940 година. Бродоградителот Остин Пакард Фарар барал отпад во близина на Ленсинг, Сасекс, каде што случајно го нашол Bentley 3 Litre – тоа бил токму #506. Фарар го откупил автомобилот што требало да се уништи за 20 фунти. Bentley бил качен на воз и пренесен до живеалиштето на Фарар во Портсмаут, за автомобилот да се врати во живот.

Во Автомобилскиот град во Волфсбург се наоѓа последниот Bentley 3 Liter со каросерија од James Young – и со морско коњче на маската

Фарар планирал да го користи автомобилот за работа, односно за превоз на неговите чамци до клиентите. Традиционалниот крилест „Bentley-B“ на чепот на ладилникот бил заменет со филигрански изработено морско коњче од бронза. Така фигурата ја симболизирала поврзаноста на бродоградителот со морето. Остин Фарард Фарар починал во 2004 година, на возраст од 91 години. Автомобилскиот град го откупил Bentley #506 во 2006 година.

Премиерата на Bentley 3 Litre била на авто-салонот во Лондон во 1919 година, во форма на прототип. Сериското производство на моделот со мотор со 70 КС почнува во 1921 година во Криклвуд. Експонатот во музејот на VW се појавува во 1924 година како спортска изведба под името “3 Litre Speed” verkauft – моторот е зајакнат на 80 КС. На тоа се додадени и сопирачки на сите тркала. Крајната брзина изнесува 145 km/h. Во 1925 година се појавува и уште посилната изведба “Super Sports” со 90 КС, наменета за мотоспорт. Моделите на Bentley победија на Леман во 1924 и во 1927 година. Во периодот од 1921 ди 1929 година се изработени 1.619 примероци од “3 Litre”. Од нив, вкупно 513 примероци се од изведбата Speed.

>>> Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley, не Aston Martin

Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley
Џејмс Бонд во романите на Флеминг вози Bentley

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

велосипед против глобално затоплување

Оксфорд: Користењето велосипед е делотворна мерка против глобалното затоплување

Инженер на Porsche ќе работи на Apple iCar

Инженер на Porsche ќе работи на Apple iCar