за

Nissan бара да му се заштити технологијата во преговорите меѓу Renault и Geely

Плановите на Renault да продаде дел од својот бизнис со возила со обични мотори на Geely, не му се допаѓаат на партнерот Nissan.

renault nissan zastiten znak zaedno
renault nissan zastiten znak zaedno

Nissan е загрижен дека со плановите на Renault да му продаде на Geely голем дел од својот бизнис со автомобили со мотори со внатрешно согорување, кинеската компанија ќе добие на располагање и многу од технологијата што ја поседува јапонскиот производител.

Renault е пред големи предизвици. Од една страна, Французите сакаат да ја зајакнат алијансата со Nisan и го убедуваат јапонскиот производител да вложи во новиот огранок на Renault, којшто ќе биде целосно посветен на електричните автомобили и којшто се води под името Ampere.

Од друга страна, францускиот производител планира да го издвои својот бизнис со автомобили со мотори со внатрешно согорување, којшто се води под кодното име „Horse“. Планот е голем дел од тој бизнис да му се продаде на кинескиот гигант Geely.

Nissan располага со технологија за батерии со цврст електролит, којашто важи како следно ниво на електричниот погон и стравува дека дел од таа стратешки клучна технологија ќе му припадне на Geely

Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, во вторник на инвеститорите ќе им ги претстави стратегијата за иднината и финансиските проекции. Во Nissan се загрижени околу лиценците за технологијата, којашто при лош договор може да ќе им стане достапна на идните инвеститори во Ampere. Јапонскиот партнер во алијансата бара преговорите да се водат повнимателно во тој поглед.

Nissan сака да се осигура дека клучните технологии што се користат во моторите со внатрешно согоривање и во хибридниот погон, и што јапонската компанија ги поседува, ќе бидат заштитени во кој и да било договор што Renault ќе го потпише со Geely. Тие бараат, проблемот со можниот трансфер на технологијата на Nissan кон Geely, да се обработува во посебен договор.

Geely меѓу другото ги поседува Volvo, Lotus, Lynk & Co, Polestar, како и удел од 9,7 проценти во акциите на Mercedes-Benz. Лица што се упатени во напредните преговори со Renault, ценат дека Geely може да стане мнозински сопственик во бизнисот со автомобили со обични мотори на француската групација.

Renault поседува 43 проценти од акциите во Nissan, додека јапонскиот производител поседува 15 проценти акции без право на глас во Renault. Упатени лица во преговорите кажуваат дека се преговара за Renault да го смали уделот во Nissan на 15 проценти.

Алијансата меѓу Renault, Nissan и Mitsubishi Motors, во јуни објави планови за вложување 26 милијарди долари во електрификација. Тоа е половина од инвестицијата што за истата намена за има предвидено конкурентскиот концерн Volkswagen.

Great Wall не ја сака фабриката на Nissan во Шпанија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mini ги учи Американците да менуваат рачно

Opel исто како да произвел по едно возило за секој жител на Германија