Mini ги учи Американците да менуваат рачно

Најавата за отворањето на училиштето на Mini за возење со мануелен менувач доаѓа по кусо време откако марката соопшти дека некои модели повторно ќе бидат достапни со мануелен менувач на американскиот пазар.

Мини-марката на BMW го отвора MINI Manual Driving School, во чијшто рамки ќе се врши обука за возење со мануелен менувач. Самата обука ќе се одвива во BMW Performance Center во калифорнискиот град Термал.

Мануелните менувачи исчезнуваат од автомобилската сцена, но тоа не значи дека се има сменето нешто во уживањето и страста да се вози со мануелен менувач. Огранокот на Mini во САД организира возачка обука за возачите што бараат можност да научат да го користат мануелниот менувач, на безбеден и самоуверен начин.

Како ексклузивна локација за MINI Manual Driving School е одреден BMW Group Performance Center West. Обезбедени се искусни инструктори, а покрај возење по врвната тркачка патека на BMW, обуката содржи и теоретска настава.

Почнувајќи во 1999 година, BMW Performance Center досега има обучено над 500.000 учесници на двете локации, во Термал, Калифорнија, и во Гринвил, Јужна Каролина. Програма за обука за Mini е воведена во 2016 година.

Сопствениците на Mini долго време го ценеа тоа што марката им нуди мануелен менувач во своите модели. Оваа иницијатива е добредојдена за новата генерација возачи со мануелен менувач. Во рамките на обуката, возачите ќе вежбаат да ја почувствуваат точката кога се воспоставува триење во спојката, да поаѓаат меко, за запираат и забрзуваат, општо да ја почувсгвуваат целата магија на овој со децении „неамерикански“ начин на возење. По завршувањето на обуката, следи тест возење и мерење на постигнатото време.

За вакво возење треба да се совлада уште малку повеќе од ракување со мануелен менувач

Еден тест на Mini Countryman на којшто посебно му се радуваме и по сиве години

Mini што вози 200 km на струја и неколку километри на бензин

Претходна објаваЕвропа во 2025 година ќе увезува 800.000 автомобили од Кина
Следна објаваNissan бара да му се заштити технологијата во преговорите меѓу Renault и Geely

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here