Европа во 2025 година ќе увезува 800.000 автомобили од Кина

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Студија на консултантската компанија PwC предвидува дека во 2025 година, во Европа ќе се продадат 800.000 автомобили произведени во Кина, во најголем дел електрични автомобили.

Според аналитичарите на Pricewaterhouse Coopers (PwC), Европа по 2025 година, од извозник на автомобили во Кина ќе стане увозник на автомобили, со 221.000 повеќе увезени возила на своја територија, отколку извезени во Кина. Во 2015 година, Европа извезуваше околу 1,7 милион возила.

Оваа пресвртница ќе биде предизвикана од тоа што кинеските марки ќе го зголемат својот пазарен удел, додека во исто време, европските марки ќе произведуваат повеќе електрични возила во Кина.

Од потенцијалните 800.000 автомобили од кинеските фабрики, околу 330.000 ќе бидат од западните производители, како Tesla, BMW или од Renault. Овие производители моментно извезуваат електрични автомобили од своите фабрики во Кина за пазарот во Европа. Меѓу нив се Tesla Model 3, BMW iX3 и Dacia Spring.

Додека кинеските производители продаваат сé повеќе батериски електрични возила во Европа, европските и американските производители постојано го зголемуваат производството на своите батериски електрични возила во Кина“, објавува PwC.

BMW iX3

Електричниот BMW iX3 чини 66.000 € во Германија, има субвенција

Феликс Кунерт, партнер и главен аналитичар за автомобилскиот пазар во германскиот огранок на PwC, вели дека европските производители на автомобили продолжуваат да се соочуваат со потешкотии во синџирот на набавки и во Европа се посветуваат на производство на поскапи (и со помал пазар) електрични возила. „Кинеските производители, од друга страна, ги приспособија и ги развија своите производи на домашниот пазар, така што тие сега во Европа нудат достапни батериски електрични модели, иновативна технологија и свежи концепти“, пишува Кунерт во соопштението.

Претходните обиди на кинеските марки да се пробијат на европскиот пазар главно минуваа безуспешно, потсетуваат од PwC. Нештата во меѓувреме се сменија и искуството на Кина во целосно електричните возила сега може да биде конкурентска предност

„Кинезите сега бараат начини да ги обезбедат своите темели во Европа“, пишуваат од PwC. „Во споредба со нивните обиди да се пробијат на пазарот во минатата деценија, полето за игра сега е многу повеќе изедначено.“

PwC предвидува дека кинеските марки ќе имаат удел на европскиот пазар на електрични возила меѓу 3,8 и 7,9 проценти.

Tesla Model Y

Многу зависи од тоа како се гледаат марките, укажуваат од PwC, додавајќи дека „кинеските марки уште се релативно непознати во Европа и имаат уште многу работа додека изградат силно име како батериски електрични возила, што важи особено за моделите од премиум сегментот.“

Smart #1

Во уште еден извештај што беше објавен неодамна, аналитичарот Матијас Шмит вели дека годинава во Европа ќе се продадат околу 200.000 возила од кинеските марки, од кои 90.000 се целосно електрични, 40.000 се приклучни ххибриди, додека останатите возила имаат обичен погон.

Згора на тоа, западните марки ќе извезат околу 100.000 целосно електрични возила во Европа, од своите фабрики во Кина, објави Шмит во септември.

Во Западна Европа, кинеските марки во првата половина од годинава имаа удел од 5,2 проценти на пазарот на електрични возила, наспроти 3,8 проценти во истиот период лани. Помасивен раст ќе има в година, со увозот на новите модели на марката Smart, којашто сега е заеднички проект на Geely и Mercedes-Benz, и своите возила ќе ги произведува во Кина.

Шефот на Volkswagen заедно со Шолц во посета на Кина

Претходна објаваLamborghini ги имаше најуспешните девет месеци во историјата
Следна објаваMini ги учи Американците да менуваат рачно

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here