за

Lamborghini ги имаше најуспешните девет месеци во историјата

По девет месеци со рекордни бројки, луксузната и спортска марка Lamborghini продолжува кон најдобрата година во својата историја.

Aventador Ultimae

Automobili Lamborghini се движи кон својата цел побрзо од кога било досега. Со најдобрите девет месеци откако таа постои, компанијата се збогува од моторот V12 во својата понуда.

Сант Агата повеќе не нуди атмосферски и „неелектризиран“ мотор V12 од класичен ков. Од следната година почнува воведување електромотор во погонската спрега во Lamborghini, за веќе до завршетокот на 2024 година, во сите моделски семејства на марката да се нуди хибриден погон.

Од јануари до септември, испорачани се 7.430 возила, за 8 повеќе во споредба со лани. Америка, Азија и Пацификот, Европа и Средниот Исток, сите пазари растат подеднакво. Главен пазар и натаму се САД, со +8%, потоа следат Кина, Хонг Конг и Макао (+5 %), Германија (+16 %), Обединетото Кралство (+20 %) и Јапонија (+26 %).

Прометот во првите девет месеци достигна 1,93 милијарда евра, што е зголемување од 30,1 проценти во споредба со лани. Оперативната добивка исто така порасна и изнесува 570 милиони евра, за 68,5 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2021 година. Оперативната маржа достигна 29,6 проценти, во споредба со 22,8 проценти лани. Рентабилноста е зголемена преку повисока продукција, продажба на поскапи модели и зголемен број на налози за изработка по посебна нарачка. Исто и поволниот девизен курс донесе позитивен биланс.

Нарачките на Lamborghini се полни до завршетокот на првиот квартал во 2024 година

Штефан Винкелман, извршен директор на Automobili Lamborghini, коментира: „Овие постојано растечки бројки прикажуваат колку денес е силен Lamborghini. Нашата книга со нарачки веќе ги покрива производствените капацитети до завршетокот на првиот квартал во 2024 година. Тоа ни дозволува да работиме со спокојство, посветувајќи се на предизвиците што нé очекуваат во иднина. Меѓу нив спаѓа и претстојниот прв чекор во хибридизацијата во 2023 година.“

Продажбата пораснала најмногу кај Huracán, со испорачани 2.378 возила и раст од 11 проценти во споредба со лани. Главнината од продажбата сепак отпаѓа на СУВ-моделот Urus, со 4.834 испорачани возила (+7 %). Тоа е рекорд за моделот што е на пазарот од 2018 година. Знаменосецот со мотор V12, Aventador, ги напушти производствените ленти. Во септември беше изработен последниот примерок.

Lamborghini Urus е рекордер: 20.000 возила за четири години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова батерија му донесе +40% досег на Lexus UX 300e

Електричната марка на Volvo почна со испорака на Polestar 2

Европа во 2025 година ќе увезува 800.000 автомобили од Кина