Големо освежување за Lexus UX 300e. Луксузната марка на Toyota презеде фини зафати во повеќе подрачја во кросоверот. Главната новина и причина за сите останати подобрувања е новата батерија, што досегот на електричниот автомобил го зголеми на 450 километри, за 40% повеќе од досега. Со толкав досег, Lexus UX 300e може да извози до Белград. Испораката во Европа стартува напролет.
Со зафати во подвозјето и во каросеријата е постигнато уште попријатно и подинамично возење во електричниот кросовер. Во секое моделско освежување се неизбежни и новини во инфо-забавниот систем, како и дополнување и усовршување на пакетот од системи за асистенција. Збогатен е изборот од материјали за седиштата и воведена е нова, иридиум-сребрена каросериска боја.
Лик и глас во рекламната кампања за новиот UX е музичката ѕвезда Џој Крукс, чијшто хит „Feet Don’t Fail Me Now“ се користи како музичка заднина во видео спотот.
Капацитетот на батеријата на UX 300e зголемен е од 54,3 kWh на 72,8 kWh. Претходно досегот изнесуваше само 315 километри, а со сегашните преку 450 километри секако дека значително се проширува кругот на купувачи.
Електромеханичкото сервоуправување претрпе неколку фини зафати, исто како и амортизерите, додека крутоста на каросеријата е зголемена со неколку дополнителни заварни точки. Сите овие оптимизации прават возилото да реагира подиректно и возењето да биде уште попријатно. Со ниското тежиште и со батерија под подот, возните својства на UX се мошне динамични. Потемелна изолација дополнително ја стишува кабината.
View this post on Instagram
Во зависност од нивото на опременост, Lexus UX добива нов дисплеј од осум или 12 инчи. Тој е поставен за 143 милиметри понапред и поблиску до возачот. Ракувањето со сензорско поле во средишната конзола е напуштено. Како што можевме да се увериме на неодамнешниот тест на Toyota Corolla GR Sport, новите дисплеи користат врвна графика и висока резолуција, а реагираат и многу побрзо.
Со инфо-забавниот систем може да се командува гласовно, со „Hey Lexus“, за на пример да се смени некоја поставка во климатизацијата или да се започне телефонски разговор. Мобилна апликација Lexus Link овозможува со вратите да се ракува далечински, како и да се вклучува греењето или ладењето на кабината.
За кожените седишта може да се избете новата алпака-кафена боја. Перфорираните кожени седишта во повисоките нивоа се изведени според кагоме-мустра, традиционален јачпонски начин на плетење корпа. Јапонскиот дизајн е инспирација и за површината на арматурната табла, што потсеќа на хартија ваши. Тоа е хартијата што се користи во лизгачките врати во традиционалниот јапонски дом.