Нисан бара нов партнер откако ги прекина преговорите за спојување со Хонда

Новиот сојуз во најдобар случај би бил постигнат во секторот технологија и неговото седиште би било во САД, кажуваат познавачи што сакаат да останат во тајност, затоа што информацијата не е јавна.

Иако забавува продажбата во светски рамки, Северна Америка останува најважен пазар на Нисан. Масовното прифаќање на електрификацијата и автоматизацијата ги притиска сите производители на автомобили да почнат да бараат сојузи со компании од светот на високата технологија.

Извршниот директор на Нисан, Макото Ушида, на 6-ти февруари остварил средба со својот колега од Нисан, Тошихиро Мибе, со намера да му соопшти дека сака да ги прекине преговорите за спојување, објави Ројтерс. Преговорите се усложнија откако почнаа да се создаваа големи разидувања во ставовите и се дојде до ѕидот, кога Хонда кажа дека сака Нисан да го престори во свој огранок, изјавија извори за Ројтерс.

Нисан формално ќе настапи со одлуката да се повлече од писмото на разбирање со Хонда, на средба на управните одбори што ќе се одржи пред компанијата на 13-ти февруари да ја објави добивката од последниот квартал, пренесуваат извори.

Хонда во моментов е со став дека нема да прифати спојување, доколку Нисан не се сложи да стане огранок, објави јапонскиот национален тв-канал НХК.

Претставник на Нисан одби да коментира, додавајќи дека сите поединости околу преговорите со Хонда ќе бидат објавени во средината на февруари, според планираното.

Напуштањето на преговорите за спојување со Хонда е голема коцка за Нисан, којшто мораше да дава големи попусти за својата застарена понуда од модели, што ќе влијае негативно врз добивката.

Добивката на Нисан во првото полугодие опадна за 94 проценти. Производителот најави отпуштање 9.000 работници и скусување на една петина од своите производствени капацитети, со цел да ги намали загубите.

Чувствителната финансиска состојба веројатно нема да им се види привлечна на потенцијалните интересенти. Доколку Нисан не најде партнер што ќе му помогне да си ја поврати силата, по делумното разлабавување на сложеното 25-годишно стратешко партнерство со Рено, повторно ќе треба да се најде некој што ќе го спаси, исто како што тоа своевремено го направија Французите.

Нисан имаше разбирливи причини за да одбие да стане огранок на Хонда

Намерата на Хонда го преземе Нисан и да го претвори во огранок во своја целосна сопственост, наиде на огромно противење во Нисан, кажуваат изворите. Пречка за сопнување била и големината на инвестициите, додаваат тие.

Хонда поставила и услов, Нисан прво да ја смени организацијата во компанијата, па потоа да се вложува. Освен скусување неколку работни места и намалување на продукцијата, Нисан не направи многу. Не се планира затворање на фабриките, на пример, што веројатно ја налути Хонда, којашто бараше целосни промени.

По крајот на ексклузивните преговори со Хонда, ниту една од странките нема обврска да плати пенали за откажување на спогодбата, коишто според писмото на разбирање од 23-ти декември би изнесувале 657 милиони долари.

Одборот на Нисан бара подлабоко реструктурирање

Одборот на Нисан притиска Ушида и други високи менаџери во меѓувреме да разработат сеопфатен план за реструктурирање, пред да се премине на преговори со потенцијални нови партнери, соопштуваат изворите.

Нисан води битка да ја поврати својата моќ уште откако поранешниот претседател Карлос Гон беше притворен во 2018 година, под обвинение дека пријавувал помали суми на компензациите од вистинските. Тоа го разниша сојузот со Рено, што понатаму водеше до заминување на највисоките менаџери. Поради тоа, компанијата повеќе беше посветена на проблемите во организацијата, отколку на бизнисот, а тоа е да продава автомобили.

Големината на финансиската криза во Нисан стана очигледна за јавноста во ноември, кога производителот соопшти дека прогнозата за добивката на годишно ново ја смалува за 70 проценти.

Можно е да се возобноват преговорите за соединување со Фокскон

И покрај сите проблеми, огромниот производствен капацитет на Нисан и ценетото име, и понатаму привлекуваат заинтересирани странки за соработка. Хон Хаи Пресижн Индастри, светски познатиот Фокскон и вистински производител на ај Фон, бара партнер што ќе ги произведува неговите електрични автомобили.

Компанијата во декември излезе со предлог до Нисан, да купи дел од акциите. Тие преговори беа ставени во мирување, откако Хонда објави дека има намера да се спои со Нисан. Лон-производителот на електронски уреди сепак се нема откажано од таа намера, кажуваат упатени лица.

Претходна објаваФолксваген задева со електричен автомобил за 20.000 евра, контра Кинезите
Следна објаваСеат предупредува ЕУ да ги спушти царините за електрични автомобили од Кина, за да се сочуваат работните места

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here