Рено нема забелешки за спојувањето на Нисан со Хонда

Производството на Нисан Микра, модел што повеќе не се нуди, во фабриката на Рено во Флин, Франција. Рено ќе ги произведува идните електрични модели на Нисан.

Рено е заинтересиран за јапонската компанија да изнајде начини за да зајакне, затоа што нема намера понатаму да вложува во Нисан, кажуваат лица чијшто идентитет не се објавува поради тоа што се работи за внатрешни разговори.

Со удел од 36 проценти, Рено останува најголем акционер во Нисан и неговото одобрување ќе биде клучно за секаков договор што ќе се постигне, кажуваат изворите.

Рено во принцип е отворен за договорот што ќе му овозможи на Нисан да го зајакне своето место на пазарот, меѓутоа будно ќе процени секаква понуда што ќе ѝ биде дадена на јапонската компанија, заради заштита на сопствените интереси.

Преговорите на Нисан со Хонда уште се во зачеток, посочуваат изворите. Тајвански Фокскон (производител на Епл ајФон и др.) исто така остварил контакти со Нисан за да преземе главнински удел, пренесува лице што е упатено во преговорите.

Нисан и Хонда се соочуваат со предизвици во Кина, од БИД и останатите локални марки

Нисан и Хонда се соочуваат со предизвици на глобално ниво, а посебно во Кина, каде што локалните марки, предводени од БИД, го преземаат лидерството. Европските конкуренти, вклучувајќи го Рено, се борат со мачната транзиција кон електрични возила на нивните домашни пазари.

Уделот на Рено е оставштина од долготрајниот сојуз со Нисан и Мицубиши Моторс. Претседателот на алијансата и на Рено, Жан Доминик Сенар, во почетокот на годинава кажа дека Рено ќе поздрави секакво ново партнерство што ќе ја зајакне групацијата на производители на автомобили.

Дури и во случај да ги продаде акциите, францускиот производител пак ќе извлече корист од тоа што акциите на Нисан растат. Практично целиот удел на Рено во Нисан, со исклучок на 15 проценти, отпаѓа на доверителски фондови. Рено веќе продаде неколку транши од своите акции.

Вредноста на акциите на Нисан на 18-ти ноември порасна за 24 проценти, додека акциите на Хонда вредеа 3 проценти помалку. Акциите на Рено пораснаа за 7,4 проценти.

Неизвесна иднина за заедничките проекти на Рено и Нисан

Новиот автомобилски партнер на Нисан може да ги стави под знак на прашање заедничките проекти со Рено. Иако двата производители во 2020 година значително го смалија обемот на соработката, остануваат уште голем број проекти на коишто се работи, вклучувајќи го планот Рено да произведува малечки електрични автомобили на Нисан во Франција.

Хонда разгледува повеќе можности за Нисан, вклучувајќи спојување, здружување капитал или основање холдинг компаниија, каќа извршниот потпретседател Шинџи Аојама на 18-ти декември, откако вечерта беше објавена веста за преговорите меѓу двата производители.

За тешкотиите за Нисан почна да се пишува во почетокот на ноември, кога компанијата ги намали предвидувањата за профитот за тековната деловна година и најави можност за скусување 9.000 работни места во глобални рамки. Компанијата воедно најави и смалување на продукцијата за 20 проценти, поради намалената побарувачка.

Претходна објаваЛамборгини го одложи електричниот модел за 2029, пазарот не бил подготвен
Следна објаваНио ќе се пробива во Европа со подостапната марка електрични автомобили Онво

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here