Ламборгини го одложи електричниот модел за 2029, пазарот не бил подготвен

Концептот Ламборгини Лансадор го најави идниот електричен модел на италијанската марка

Датумот за првиот целосно електричен модел на Ламборгини првично беше поставен за 2028 година. Италијанскиот ривал Ферари ќе го пушти во продажба својот прв модел што ќе користи само погон на струја уште во првото тромесечје од следната година.

„Цениме дека 2029 не е доцна да се пушти електричен автомобил. Цениме дека пазарот во нашиот сегмент нема да биде подготвен за тоа во 2025 или 2026 година,“ изјави Винкелман пред новинарите во седиштето во Сант Агата Болоњезе, во близина на северноиталијанскиот град Болоња.

Ламборгини го прикажа изгледот на електричниот модел со концептот Лансадóр во 2023 година.

Производителот тогаш опиша дека идниот гранд турер со 2+2 седишта ќе биде спој на перформанси на суперавтомобил со практичност на автомобил што може да се користи во секојдневието.

Тоа ќе биде четвртиот модел на Ламборгини во понудата, покрај кросоверот Урус, купето со приклучен хибрид Ревуелто и купето Хуракан, на чиешто место наскоро доаѓа Темерарио.

Претходна објаваСтуденти во Чешка го снимаа и сликаа „алурот“ на Пежо
Следна објаваРено нема забелешки за спојувањето на Нисан со Хонда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here