Нисан ќе им плати на Би Уај Ди за ЦО2-кредити, за да избегне казни од ЕУ

Нисан ќе се здружи со кинески Би Уај Ди, за емисијата на ЦО2 од своите возила да ја спушти под границите на ЕУ, над коишто треба да се плаќаат милионски суми. И услугата на Би Уај Ди нема да биде евтина.

Арија е најпродаваниот батериски електричен автомобил на Нисан во Европа, со 11.500 примероци до август.

Нисан Европа ќе се здружи во т.н. ЦО2-пул со кинескиот специјалист за електрични и хибридни возила Би Уај Ди, за да биде под строгата граница за емисија на ЦО2 што ЕУ ја одреди за периодот 2025-2027. Унијата постави строги барања, за просекот од сите возила што одреден производител ќе ги продаде на годишно ниво, да биде под поставената граница, односно генерално под 95 грами ЦО2 на километар. Тоа го покажуваат документите што беа доставени на 17-ти октомври.

Нисан во претходните години ја вклучуваше емисијата на ЦО2 од своите возила со емисијата на партнерите Рено Група и Мицубиши, но Би Уај Ди, коишто во Европа продаваат единствено батериски електрични автомобили и приклучни хибриди, со нулта, односно со ниска емисија на ЦО2, понуди подобра алтернатива.

Голем број производители на автомобили се загрижени дали ќе успеат да ги исполнат барањата на ЕУ. Во спротивно, им престојат казни што можат да достигнат милијарди. Поради тоа, производителите се здружија во пулови за ЦО2 со други производители што продаваат главно електрични возила, со нулта емисија, коишто со тоа имаат резерва да вклучат „туѓа“ емисија.

Пулот на Нисан со Би Уај Ди важи за 2025 година. Производителите можат да до завршетокот на годинава да оформуваат пулови, за продажбата што ќе ја постигнат годинава да биде под ЦО2-лимитите на Унијата.

Нисан е некогашен пионер во БЕВ, со својот Лиф, и ја проширува понудата од ЕВ во Европа, меѓутоа до август имаат само еден модел, Арија, со позначајна продажба.

Според аналитичарите на Датафорс, Нисан продал 11.747 примероци од Арија во Европа до август. Неодамна стартуваа новиот Лиф и новата Микра, којашто ја дели основата со Рено 5.

Јапонската марка во првите осум месеци продаде 13.103 ЕВ во Европа, што е 6,5 проценти од продажбата од вкупно 199.000 возила.

Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа

Во истиот период, Би Уај Ди продаде 95.473 возила, од кои околу 60 проценти се електрични возила, додека останатите се приклучни хибриди.

Шаопенг се здружува со КГМ, некогашен Сангјонг

Во документите на ЕУ се појавуваат и КГ Мобилити, некогашен Сангјонг, коишто ќе се здружат во ЦО2-пул со кинескиот производител на електрични возила Шаопенг.

Голем број производители ги објавија своите договори за пулинг за 2025 година во претходниот тек на годинава. ЕУ дури отпосле реши да им помогне на производителите да не плаќаат високи казни, и го продолжи рокот за периодот 2025-2027, па потоа ќе им ја мери емисијата на ЦО2.

Најголемиот пул ѝ припаѓа на Тесла, којашто голем дел од својата заработка постигнува преку продажба на кредити за ЦО2 во Европа и САД. Во овој пул спаѓаат Тојота, Форд, Мазда, Субару, Стелантис, Хонда и Сузуки. Од марките на Стелантис, во пулот се наоѓа Липмотор Интернационал, кинескиот партнер на концернот, којшто во Европа продава само стандардни и ЕВ со продолжен досег.

Вториот голем пул му припаѓа на Мерцедес-Бенц и ги вклучува Смарт (50:50 компанија со Џили), Волво и Полстар.

Групацијата Рено, БМВ, Киа/Хјундаи и концернот Фолксваген уште немаат соопштено дали ќе оформуваат ЦО2-пулови. Рено и Фолксваген уште пред завршетокот на 2024 година покажаа подготвеност да оформат пул.

Претходна објаваПродажбата на Тојота во Европа расте побрзо од пазарот, рекордни 930.452 возила до септември
Следна објаваСамо една Мерцедес Е-Класа беше посилна од Е 50 АМГ, шестлитарската Е 60 АМГ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here