Продажбата на Тојота во Европа расте побрзо од пазарот, рекордни 930.452 возила до септември

Тојота Мотор Европа постигна рекордни 930.452 продадени возила за девет месеци. Пазарниот удел се зголеми на 7,3 проценти, Тојота е втора најпродавана марка во Европа.

Напредуваше и продажбата на доставни возила на Тојота, со раст од 21% и вкупно 117.410 возила, што донесе и рекорден удел од 6,7 проценти

Европскиот огранок на Тојота Мотор во првите девет месеци ја зголеми продажбата за 2 проценти, во време кога целиот пазар е во мирување, и соодветно на тоа постигна досега највисока продажба за период од девет месеци. Покрај матичната Тојота, удел во успехот има и престижната марка Лексус.

Тојота граби напред, Лексус го следи примерот. Јапонската марка го задржа местото на втора најпродавана марка во Европа по првите девет месеци од годината. Може да се каже дека хибридите уште се хит, меѓутоа е многу поверно да се каже дека хибридите на Тојота допрво стануваат хит.

Возилата со електрифицирана погонска спрега, што ги вклучува и приклучните хибриди и целосно електричните модели, учествуваат со 77 проценти во вкупната продажба на возила. Тоа е раст од 5 проценти. Преостанатиот удел што не е електрифициран и што главно припаѓа на малечкиот Ајго Крос, како и на големките Ландкрузер и Хајлукс, драстично ќе се скуси, затоа што наскоро и Ајго ќе биде достапен само како хибрид.

Добро напредуваат и целосно електричните модели, чијашто продажба пораснала за 41 проценти, а вистинската сензација се приклучните хибриди, со повеќе од двојно зголемена продажба, односно со раст од 209 проценти.

Од матичната марка Тојота, од јануари до септември се продадени 865.401 возила. Јарис Крос е најпродаван модел во Б-СУВ сегментот, со удел од 11 проценти. Меѓу најпродаваните модели се и Јарис, Корола, Ц-ХР, РАВ4 и Ајго Крос.

Електрифицираните возила учествуваат со 76% во матичната марка, што е раст од 5 проценти. Електричните возила имале раст од 46%, со продадени 39.098 примероци, додека кај приклучните хибриди е постигнат раст од 292% со продадени 67.691 примероци. Посебно е висока побарувачката за новата Тојота Ц-ХР Плаг-ин Хибрид.

Видеото од тестот на Тојота Ланд Крузер во Аутомедиа

Лексус постигна 65.051 продажби, за 2% повеќе од истиот период лани. Уделот на електрифицирани модели во Западна Европа изнесува 100%, односно 94% во цела Европа. Главни двигатели на пазарот се Лексус Л Б Икс Хибрид, со продажба зголемена за 31%, како и Лексус Н Икс.

Претходна објаваТрговската војна меѓу САД и Кина води кон нова чип-криза, фабриките за автомобили имаат микрочипови за уште неколку недели
Следна објаваНисан ќе им плати на Би Уај Ди за ЦО2-кредити, за да избегне казни од ЕУ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here