за

Гром од кинеското небо: Nio го произведе 100.000-от електричен автомобил

Nio се вбројува меѓу пионерите со премиум електрични возила. Веста за 100 илјади произведени возила одекнува силно на сцената.

Кинеската марка електрични премиум возила Nio започна со производството на знаменосецот Nio ES8 на 27-ми мај 2018 година. За нешто повеќе од 1.000 денови подоцна, фабриката веќе го произведе 100.000-от автомобил со знакот на Nio. Славеничкиот примерок е од престижниот СУВ-модел со погон на струја ES8.

На свеченоста присуствуваа и сопственици на моделите од првите генерации, на ES8, ES6 и на EC6, за заеднички да го одбележат големиот настан. Кинескиот производител достигна 50-илјади возила веќе во јули лани. Одвај девет месеци подоцна, Nio надмина 100.000 произведени возила.

Претходно беше одбележан уште еден голем успех. Во март годинава, Nio испорача рекордни 7.257 возила, што е нов месечен рекорд. Во споредба со истиот месец лани, продажбата пораснала за 373 проценти. Од вкупно испорачаните возила, 1.529 примероци се од моделот ES8, кој е премиум СУВ со 6 или 7 седишта, потоа 3.152 примероци од ES6, петосед со највисока моќност во понудата на Nio и 2.576 примероци од EC6, купе-СУВ со напредна технологија.

Во првиот квартал од годината, Nio ги зголемил испораките за 423 проценти во споредба со истиот период лани. За трите месеци од 2021 година, Nio испорачал 20.060 возила на светскиот пазар.

>>> На кинескиот електро-специјалист Nio му се брза за Европа

nio es8

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ресторани во Италија добиваат електрични комбиња Peugeot на користење

BMW постигнал рекордна продажба во првиот квартал