Миланскиот ресторан Slow Sud заврши како победник во епизодата од шоуто „Алесандро Боргезе Кватро Ристоранти“ во којашто се натпреваруваа најдобрите ресторани во ломбардиската престолнина. Ресторанот доби од увозникот на Peugeot во Италија електрично комбе e-Expert на користење. Нормално, сето тоа е одлична реклама за Peugeot, за електромобилноста и за миланската гастрономија.
Peugeot e-Expert ќе му помага на италијанскот ресторан Slow Sud за уште подобро да го погодува непцето на своите клиенти. Ресторанот победи во натпреварот меѓу четири избрани ресторани, во рамките на шоуто „Алесандро Боргезе Кватро Ристоранти“ што со години се емитува во продукција на Sky и постигнува исклучителна гледаност во земјата.
Комбето со погон само на струја Peugeot e-Expert му беше предадено на сопственикот на ресторанот во салонот на дилерот на француската марка, на познатата миланска улица Виа Гатамелата. Електричното комбе со лав на маската штотуку стартуваше со продажба на италијанскиот пазар.
Peugeot зимоска почна да ги наградува победниците на култното шоуто на шеф Алесандро Боргезе, со доделување на примероци од електричниот e-Expert на бесплатно користење. Според Peugeot, доставното возило е совршено за услужните дејности во градските центри, не загадувајќи ја животната средина, вклучувајќи и речиси нечујно возење. Тие фактори се особено важни во милионскиот Милано.
Електричниот Peugeot ќе може да пристапува во деловите од градот во коишто е дозволен влез само за возила со ултраниска или нулта емисија на СО2
Французите нудат две изведби на комбето, што се разликуваат во големината на батеријата, односно на досегот што се минува со едно полнење. Погонот на струја не одзема од товарниот простор. Peugeot e-Expert се нуди во три различни должини, од 4,61 до 5,31 метри. Висината од 1,9 метар дозволува непречено користење на подземните гаражи, но уште поважно е тоа што возилото може да се движи слободно во заштитените зони, во коишто не смее да се пристапува со друг вид на погон, освен со електричен.
Ресторанот Slow Sud доби на користење Peugeot e-Expert со топ-ниво на опрема Premium и со батерија од 75 kW, што дозволува автономија до 330 километри. Тоа е повеќе од доволно за вообичаените дневни рути на достава во градот.