Никелот што е важен за електричните автомобили поскапе трипати

Војната го Украина влијае драстично врз светскиот пазар на никел. Цената на еден тон од индустрискиот метал денес достигна 100.000 долари, што е за зголемување за 50 проценти.

Денешниот драстичен раст на цената на никелот доведе до прекин на тргувањето со оваа суштинска суровина. На берзата во Лондон веројатно во следните неколку денови нема да се тргува со никел. Само за два дена, највисоката постигната вредност на никелот на берзата се зголеми трикратно.

Производителите на автомобили не очекуваат друго, освен соочување со долготраен кусок од суровини, како и нивно поскапување. Тоа се однесува главно на никелот, неонскиот гас и на паладиум. 

Неонскиот гас од Украина е важен за производството на чипови

Никелот е важен за производството на литиум јон батерии. Овој метал е незаменлив за електромобилноста да продолжи да напредува со уште посилно темпо. Русија, меѓу другото, се вбројува меѓу главните извозници на никелова руда.

Познавачите ценат дека големиот раст на цената на никелот е вештачки поттикнат од шпекулантите, коишто претходно манипулираа дека цената на никелот ќе паѓа. Зголемувањето на цената доведе до таканаречен „Short Squeeze“. Тоа е вештачки забрзан процес, врз основа на бројни облози дека цените ќе паѓаат, во услови кога пазарот се соочува со голем недостиг.

Слабата понуда е уште една последица од војната во Украина. Цената на никелот забележи голем пораст уште пред војната. Доколку цената продолжи да расте, тоа ќе ги загрози шпекулантите, коишто ставале облог дека курсот ќе паѓа. Тие ќе мора да купуваат никел, за да ги задржат своите позиции, а тоа ќе доведе до натамошно зголемување на цената.

Даниел Бриземан од Комерцбанк, експерт за суровини, објаснува дека „некои пазарни чинители, коишто се обложуваа на пад на цените, очигледно беа изненадени од зголемувањето на цената и од динамиката на цените, откако започна инвацијата на Русија врз Украина“. Експертот очекува трговијата да се смири и цената на никелот да се намали драстично.

Автоиндустријата се снабдува од 38 фабрики за компоненти во Украина

 

Претходна објаваРелито со електричната Opel Corsa годинава се вози во четири држави
Следна објаваКрит развива соларен автомобил, прототипот стартува налето

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here