Мотоспортот е дисциплина во којашто не смее да се дозволи мирување. Веднаш по завршувањето на првата сезона во Opel e‑Rally Cup, започнаа подготовките за претстојната сезона. Инженерите извршија неколку подобрувања во тракцијата на електричната Opel Corsa-e, а има и нов звук, за публиката да биде повеќе „вклучена“.
Opel и германскиот автоклуб ADAC преку зимата го проверија секој детал во електричната Opel Corsa-e и во организацијата, за првиот рели-куп со електрични автомобили во светски рамки, годинава да го направат уште подобар. Се ветува повеќе возбуда во натпреварите и поголема неизвесност во бодовната табела.
Најголемиот напредок во квалитетот секако дека е проширувањето на релито во нови држави. Освен во трките што се возат во рамките на германското првенство во рели, електричната Corsa со 136 КС ќе стартува и во Австрија, Франција и Холандија.
На германските рели-настани во Зулинген, Штемведер Берг, Зарланд-Пфалц и во релито на 3-те Градови, им се придружуваат учества на холандското Еле Рели во Ајндховен, на релито Вајц во австриска Штаерска, како и на релито Мон Блан, во подножјето на највисокиот планински огранок на Алпите, околу францускиот скијачки центар Морзин.
Фини зафати во техниката: Повпечатлив звук, повеќе тракција
Во издржливоста на техниката и во перформансите немаше што да се менува, Opel Corsa-e Rally се докажа лани. Тоа што инженерите го утврдија како простор за подобрување беше преправки во блокадата на диференцијалот, за 260-те њутнметри на моторот да може да се пренесат посигурно врз подлогата, без пролизгување. Тоа на неколку пати сме го забележале при тестирањето електрични возила, кога во тесен лакт на миг се појавува пролизгување на внатрешното тркало во свијок – токму поради високиот вртежен момент што се испорачува уште при најниски „вртежи“.
Тука се полнат батериите за релито
https://photos.app.goo.gl/EnreGVFHxYBumxjp8
Преработка дожиеа и звучниот систем, којшто е дел од безбедносниот концепт и служи за публиката да забележи дека возилото доаѓа. Звукот сега ќе биде засилен и тонот повеќе ќе им се допаѓа на посетителите на рели-трките.
Во меѓувреме расте интересот за рели со електрични автомобили. Тимови од цела Европа покажале интерес за учество во ADAC Opel e‑Rally Cup. Секако дека и вкупниот награден фонд во висина од 100.000 евра е заслужен за заинтересираноста. Возачите што ќе го докажат својот талент во е-рели купот, понатаму добиваат шанса да станат дел од јуниор тимот на ADAC Opel Rally и во следната сезона да возат Opel Corsa Rally4 на меѓународната мотоспорт сцена.
Датуми на одржување на ADAC Opel e-Rally Cup 2022
https://photos.app.goo.gl/hLejS6F8uvNLKG188
06./07.05. ADAC Actronics Rallye Sulingen Германија
20./21.05. ELE Rally, Eindhoven Холандија
10./11.06. ADAC Rallye Stemweder Berg, Lübbecke Германија
14.-16.07. Rallye Weiz Австрија
19./20.08. ADAC Saarland-Pfalz Rallye, St. Wendel Германија
08.-10.09. Rallye Mont-Blanc Morzine Франција
14./15.10. ADAC 3-Städte Rallye, Niederbayern Германија
Зафатите за засилување на звукот на електричната Corsa за рели
https://photos.app.goo.gl/1R6q4K728Yoqff3t8
https://photos.app.goo.gl/b3vvffjijzaBeSyN7
https://youtu.be/Nn3MQ0g6BGo
















