за

VW Tiguan повеќе не е најпродаван СУВ во Германија, туку е T-Roc

Најголемиот европски и петти најголем пазар за автомобили во светот, германскиот, најверно ја покажува насоката во којашто се движи целата бранша.

Volkswagen T-Roc prodazba

Tiguan уште од самото појавување предничеше во продажбата на возила од СУВ-сегментот на германскиот пазар. Но, за минатата година, бестселерот мораше да ја препушти водечката позиција на друг модел на Volkswagen.

Во дванаесетте месеци во 2021 година, на германскиот пазар се продадени близу 950.000 СУВ-возила и теренци. На овие автомобили на висока нога отпаѓа повеќе од една третина од целиот германски пазар, односно Tiguan, XC40, Kodiaq, GLA & Co, учествуваат со 36% во вкупниот пазар од преку 2,6 милиони продадени возила лани. Сегментот пораснал за 7% во споредба со преклани.

Најпродаван СУВ-модел во 2021 година во Германија е Volkswagen T-Roc. Со вкупно продадени 57.424 примероци, СУВ-кросоверот врз платформа MQB-A1 (Tiguan е врз MQB-A2, Golf VII е врз MQB од првата генерација) постигнал за околу 2.000 повеќе продажби, отколку Tiguan. Германските аналитичари ценат дека замената на местата меѓу T-Roc и Tiguan е поради кризата со полупроводници во браншата, односно поголемиот модел повеќе е погоден од истата. Неговата продажба се скусила за осум проценти во споредба со преклани.

VOLKSWAGEN T-ROC наскоро стартува со продажба во освеженото моделско годиште

Голем број нови модели се придружија во жестоката конкурентска битка во СУВ-сегментот. Повеќето новитети се електрични возила, почнуваjќи од Kia EV6, преку Mercedes-Benz EQA и Opel Mokka-e, до Tesla Model Y. До пред само неколку години, дизел моторот беше речиси стандард кај моделите во овој сегмент. Денес, СУВ-моделите возат сé почесто на струја.

Првите три места меѓу најпродаваните автомобили во сегментот им припаѓаат на модели на Volkswagen.

Најпродаваните СУВ-модели и теренци во Германија во 2021 година

Марка и модел Премиера Дек 2021 Јан – дек 2021
VW T-ROC   5,335 57,424
VW TIGUAN   3,924 55,527
VW T-CROSS   2,105 34,181
MERCEDES GLK, GLC   4,649 33,719
HYUNDAI KONA   2,039 29,982
FORD KUGA   1,926 29,102
OPEL MOKKA   3,618 26,519
BMW X1   2,518 25,486
AUDI Q3   1,972 24,346
BMW X3   2,105 24,157
SKODA KAROQ   1,707 19,195
HYUNDAI TUCSON   1,693 18,490
RENAULT CAPTUR   1,674 18,277
SKODA KAMIQ   2,055 18,080
MERCEDES GLA   2,057 17,977
AUDI Q5   1,349 17,841
SEAT FORMENTOR   1,442 17,606
SEAT ATECA   1,024 17,587
OPEL CROSSLAND X   1,352 17,316
SKODA KODIAQ   1,647 16,388
SEAT ARONA   896 15,976
MERCEDES ML-KLASSE, GLE   1,049 14,885
OPEL GRANDLAND X   478 14,733
VOLVO XC60   1,719 14,549
DACIA DUSTER   951 13,398
VOLVO XC40   1,443 13,167
SKODA ENYAQ 10/2020 1,148 13,026
VW ID.4 10/2020 1,350 12,734
BMW X5   709 12,719
NISSAN QASHQAI   335 10,692
PEUGEOT 2008   830 10,679
AUDI Q2   736 10,525
TOYOTA C-HR   950 9,220
MAZDA CX-30   727 9,191
TOYOTA RAV 4   893 8,792
AUDI E-TRON   1,156 8,691
KIA NIRO   445 8,548
SUZUKI VITARA   2,127 8,416
MERCEDES GLB   743 8,198
BMW X2   665 8,097
SEAT TARRACO   433 7,776
KIA SPORTAGE   608 7,632
MAZDA CX-5   266 7,493
HYUNDAI IONIQ5 03/2021 1,146 6,971
VOLVO XC90   868 6,758
MITSUBISHI OUTLANDER   1,052 6,747
RENAULT KADJAR   725 6,508
MITSUBISHI ECLIPSE CROSS   772 6,440
JEEP COMPASS   522 6,260
VW TOUAREG   765 5,932
PORSCHE MACAN   940 5,521
PORSCHE CAYENNE   1,106 5,424
FORD ECOSPORT   586 5,083
AUDI Q8   506 4,849
AUDI Q7   321 4,488
AUDI Q4 04/2021 939 4,470
TESLA MODEL Y 08/2021 566 4,400
BMW X4   292 4,359
MAZDA CX-3   210 4,354
KIA STONIC   247 4,277
RENAULT ARKANA 02/2021 357 4,264
KIA SORENTO   290 4,227
JEEP RENEGADE   333 4,002
MERCEDES G-KLASSE   153 3,573
HYUNDAI SANTA FE   345 3,438
MAZDA MX-30 07/2020 299 3,428
JEEP WRANGLER   604 3,082
BMW IX3 09/2020 356 2,983
LAND ROVER RANGE ROVER EVOQUE   185 2,836
LAND ROVER DEFENDER   174 2,811
BMW X6   149 2,698
FORD MUSTANG MACH-E 11/2020 424 2,667
HYUNDAI BAYON 06/2021 375 2,586
SUZUKI SX4   708 2,555
FORD EXPLORER   554 2,043
HONDA CR-V   192 1,992
MITSUBISHI ASX   112 1,917
RENAULT KOLEOS   176 1,906
MERCEDES GL-KLASSE, GLS   87 1,793
SUBARU FORESTER   89 1,670
SUBARU XV   130 1,596
NISSAN X-TRAIL   79 1,527
LAND ROVER RANGE ROVER SPORT   130 1,505
BMW X7   66 1,501
ALFA ROMEO STELVIO   113 1,491
LAND ROVER RANGE ROVER VELAR   123 1,491
LAND ROVER DISCOVERY SPORT   117 1,435
DS DS7 CROSSBACK   93 1,431
LADA NIVA   167 1,413
JAGUAR E-PACE   76 1,261
LEXUS UX   210 1,208
JAGUAR F-PACE   68 1,187
BMW IX 07/2021 239 1,176
LAND ROVER RANGE ROVER   76 1,133
KIA EV6 09/2021 340 1,069
TOYOTA LANDCRUISER   136 852
SSANGYONG TIVOLI   51 792
LEXUS NX   14 757
VW TAIGO 10/2021 586 732
LEXUS RX   92 604
TOYOTA HIGHLANDER 12/2020 13 598
JAGUAR I-PACE   24 546
SSANGYONG KORANDO   50 446
LAND ROVER DISCOVERY   14 446
MASERATI LEVANTE   45 382
HONDA HR-V   25 312
SSANGYONG REXTON   5 308
BENTLEY BENTAYGA   46 267
LAMBORGHINI URUS 07/2021 23 214
CADILLAC XT4 10/2020 9 209
VOLVO C40 10/2021 135 161
HYUNDAI NEXO   30 152
JEEP CHEROKEE   149
SUZUKI ACROSS 08/2020 45 140
ASTON MARTIN DBX 08/2020 11 125
CITROEN C4 CACTUS   107
ROLLS ROYCE CULLINAN   4 44
CADILLAC ESCALADE   7 40
TESLA MODEL X   35
FORD EDGE   28
ОСТАНАТО   2 15

>>> Kia Sportage мина уште еден месец во лидерство на македонскиот пазар

Kia Sportage vozenje

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Електричната Dacia Spring вози во Кина како Fengon E1 и чини 9.500 евра

Liqui Moly првпат произведе над 100 илјади тони масла и адитиви