Прво место меѓу најпродаваните марки за Kia и прво место меѓу најпродаваните модели за Kia Sportage во ноември лани. На македонскиот пазар во претпоследниот месец од ‘21 биле продадени вкупно 468 патнички и доставни возила.
Kia Sportage и во ноември беше најпродаван модел на македонскиот пазар, со 42 испорачани примероци и удел во продажбата од 9,0 проценти. СУВ-моделот од компакт класата продолжи да се натпреварува со шампионскиот Citroen C3, и во завршницата на годината води со вкупно 292 испорачани примероци, пред 249 примероци од францускиот автомобил. Останува уште декемвриската продажба да го заокружи триумфот на Kia Sportage, како единствен модел што годинава ќе надмине 300 продадени примероци.
По Kia Sportage со 42 продадени примероци во ноември лани и Citroen C3 со 38 примероци, следи значително поскапиот Hyundai Tucson со 28 примероци. Неговото релативно високо место во ноември веројатно се должи на задоцнети испораки од претходните месеци, што се реализирале во ноември.
Топ 10 Најпродавани модели во Македонија во ноември 2021
Поз. | Модел | Ное. 21 | Удел % |
1 | Kia Sportage | 42 | 9.0% |
2 | Citroen C3 | 38 | 8.1% |
3 | Hyundai Tucson | 28 | 6.0% |
4 | Fiat Doblo | 20 | 4.3% |
5 | Dacia Duster | 14 | 3.0% |
6 | Toyota Corolla | 13 | 2.8% |
7 | Renault Master | 12 | 2.6% |
8 | Fiat Ducato | 11 | 2.4% |
9 | Skoda Octavia | 11 | 2.4% |
10 | Peugeot 108 | 10 | 2.1% |
Од често среќаваните модели во македонскиот Топ 10 следат Dacia Duster на 5-то место со 14 примероци, Toyota Corolla на 6-то место со 13 примероци и Skoda Octavia на којашто единаесетте продадени примероци ѝ го донесоа 9-то место. Водечката десетка ја заокружува Peugeot 108 со десет продадени примероци. Заедно со уште 13 примероци од останатите модели, Peugeot е петта најпродавана марка во Македонија во ноември и продолжува да се искачува.

Во очекување на декемвриските продажби и на пристојно надминување на бројката од 5.000 продадени нови возила во Македонија лани, петте најпродавани модели во периодот од јануари до ноември се:
Топ 5 Најпродавани модели во ноември 2021
Марка и мoдел | Јан. – Ное. 2021 | Ное. ‘21 |
Kia Sportage | 292 | 42 |
Citroen C3 | 249 | 38 |
Toyota Corolla | 181 | 13 |
Dacia Duster | 168 | 14 |
Hyundai Tucson | 156 | 28 |
Податоците за продажбата на нови автомобили на македонскиот пазар се неофицијални и Аутомедиа ги добива од регионалните канали за водење на статистиката на продажба.
>>> Kia започна со производство на новиот Sportage во Жилина
