Во минатата корона-кризна година, во светски рамки биле произведени близу 56 милиони патнички автомобили и 22 милиони товарни возила. Глобалната продукција на автомобилската индустрија лани се намалила за 16 проценти.
Главната причина за падот е кризата што ја предизвика пандемијата, како во поглед на почетната несигурност на купувачите, така и во поглед на неможноста да се организира беспрекорно производство, во услови кога бројни држави имаа воведено најстроги ограничувања на движењето.
Без посебни истражувања и толкувања на трендовите, но со целосни и потврдени вредности, во продолжение објавуваме графика во којашто е прикажана продукцијата на 40-те држави ширум светот, што ја сочинуваат автомобилската индустрија. Секогаш има големи изненадувања. Фактот што Индија во меѓувреме е поголем производител на автомобили од САД говори доволно за новите региони во коишто се одвива главниот раст на пазарот и воедно напредувањето на економиите. Од друга страна, Италија одвај произведува повеќе возила од Романија или Унгарија.
Во графиконот дополнително се наведени и бројките за производството на товарни возила по одделни држави.
















