за

Aston Martin во знак на враќањето во формула 1

Aston Martin повторно ќе вози на трките во формула 1 и тоа повлекува бројни дополнителни активности во британската марка. За почеток, специјална изведба Vantage F1 Edition, со екстра перформанси и екстра возни својства.

Aston Martin по 60 години се врати во Формула 1. Безбедносните возила на трките исто се од британската марка. За и љубителите на марката да бидат вклучени во целата приказна, Aston Martin нуди специјална серија Vantage F1 Edition, што во сите детали е иста со безбедносните возила од Ф1, со искклучок на ротациските светла.

По шест децении отсуство, Aston Martin повторно станува дел од Формула 1. Бидејќи станува збор за историски момент, британската марка покрај тоа што стартува со два тркачки болиди, ќе ги снабдува и безбедносните возила за трките. Aston Martin ќе се менува со Mercedes-AMG во текот на сезоната во оваа улога. Тоа е уште еден историски важен момент, затоа што од 1996 година наваму, единствено Mercedes беше во улога на снабдувач со безбедносни возила за трките во формула 1.

Овој голем момент не се пропушта, па Британците реагираат и со специјална серија Vantage F1 Edition. Топ-моделот во сите детали е идентичен со возилата што Aston Martin ги пушта да ги обезбедуваат трките во Ф1. Секако дека за ангажманот на тркачката патека е потребна и екстра моќност. Во Vantage Ф1, патем, работи мотор 4,0 V8 од партнерот Mercedes-AMG, со битурбо натполнење и со екстра 25 КС, односно со вкупно 535 КС.

Вака подготвен, Vantage спринтува до темпо сто за 3,6 секунди. Максималната вредност на вртежниот момент од 685 њутнметри остана непроменета, меѓутоа е продолжено подрачејто до коешто се задржува оваа вредност, на повисоки вртежи. Осумстепениот автоматски менувач исто така е преработен, со цел да се постигне уште покусо менување на степените.

Амортизацијата на Vantage F1 Edition исто така е дотерана за уште подинамични возни својства и за возење по тркачка патека

Амортизацијата е дотерана покруто и управувањето реагира подиректно. Пружините на задната оска се уште понапрегнати, со цел тие да учествуваат активно при остро влегување во свијок. Заради подобрување на контактот со подлогата, Aston Martin му подготви на Vantage F1 Edition црни тркала од 21 инчи со гуми Pirelli, што се изработени по специјална нарачка. Цела низа зафати во аеродинамиката се грижат за дополнителен притисок при највисоки брзини, којшто достигнува 200 килограми.

Освен во црна и бела боја, Aston Martin Vantage F1 Edition е достапен и во традиционалната „тркачки зелена“ боја по пример на болидот во Формула 1. Речиси е извесно дека сите примероци од овој специјален модел ќе се нарачуваат во зелената боја.

Печатот на модел од специјална серија е присутен и во кабината, во којашто доминираат црна кожа и сива алкантара. Може да се избира и меѓу лимета зелена, црна, сива или црвена боја. Цените почнуваат од 160.000 евра, за каросеријата може да се избере купе или родстер-изведба.

>>> Теренецот ќе му ги донесе неопходните пари на Aston Martin

Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX
Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уште еден електричен Audi: Фабриката во Цвикау почнува со Q4 e-tron

kia xceed Во Европа постојат 298 автомобилски фабрики

Автомобили произведуват 40 држави, кои се најголеми производители?