Lexus подготвува нов знаменосец со чисто електричен погон

Lexus објави неколку затемнети кадри од новиот концептен автомобил, кого што го најавува како „претставник на новата визија на марката“. Станува збор за кросовер со електричен погон и со комплетно нов дизајн на носот, како нов знак на препознавање на престижната јапонска марка.

Кога Lexus најавува концептен автомобил, треба да се очекува единствено спектакл и ништо помалку од тоа. Засега се откриваат само малку детали, или поточно, одвај дека нешто се открива околу претстојната премиера во следниот вторник, на 30-ти март. Сцената сепак ги познава манирите на Lexus и се претпоставува дека новиот концептен автомобил ќе биде приближување на претходно прикажаниот LF-30 до сериски модел.

Од тоа што скромно го прикажуваат затемнетите кадри, напред може да се забележи дека новиот концептен автомобил го следи стилот на LF-30, со широка трапезна форма во долната половина на носот, што на краевите се заоблува навнатре и преоѓа директно во големите отвори за воздух. Досега впечатливите L-светла ќе станат уште повпечатливи, како две молњи што се испреплетуваат. Горе се забележува уште еден трапез, во којшто се собираат профилираните линии од предната хауба. Детал што не пропушта да го нагласи новиот концепт е осветленото лого.

Додека предниот дел ќе биде поблага форма на носот од концептниот LF-30, страничната силуета ќе се ориентира според претходно прикажаниот концепт LF-1.

https://photos.app.goo.gl/2jjDBtE8bBWd8gxS8

https://photos.app.goo.gl/G49RBVmPA5UTTSyz8

Lexus LF-30 Electrified

https://photos.app.goo.gl/j6Poq8jLpYix8xRD7

https://photos.app.goo.gl/jaKFjfB2fvwgJ66h9

Lexus LF-1 Limitless

https://photos.app.goo.gl/GfdepAeMxAn2vH1A6

Сосем е извесно дека концептот за крајот на март ќе користи електричен погон, впрочем исто како LF-30 Electrified. Јапонците уште тогаш имаа конкретни бројки:

  • Должина (mm) 5,090
  • Ширина (mm) 1,995
  • Висина (mm) 1,600
  • Меѓуоскино растојание (mm) 3,200
  • Тежина (kg) 2,400
  • Досег [WLTP] (km) 500
  • Капацитет на батертија (kWh) 110
  • Моќност на полнач до (kW) 150
  • забрзување 0–100 km/h acceleration (s) 3.8
  • Крајна брзина (km/h) 200
  • Максимална моќност (kW) / вртежен момент (Nm) 400/700

Изгледот и конкретни најави за почетокот на продажбата на серискиот модел што е сосем извесно дека ќе произлезе од новиот концептен автомобил ќе бидат познати веќе во следната недела.

https://www.instagram.com/p/CMjRseCIvK6/

https://www.instagram.com/p/B38yfc2pXOc/

>>> Lexus LF-30 или зошто Јапонците не мислат да се откажат од авто-салоните

Претходна објаваАвтомобили произведуват 40 држави, кои се најголеми производители?
Следна објаваCupra најавува спортски СУВ на струја за 2024 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here