за

Мотоцентар и РСБСП: Да ја победиме сообраќајната некултура

Во саботата во Скопје се одржа настан, со којшто Мотоцентар, советот за безбедност во сообраќајот и МВР, укажаа не слабото ниво на култура во сообраќајот

Изминатата сабота (11.11.2023), на платото пред трговскиот центар “Ист Гејт Мол“, на иницијатива на “Мотоцентар“, а поддржано од Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и МВР, се одржа настан именуван како “Да ја победиме сообраќајната некултура!“.

Во рамки на настанот, кон публиката се обратија г-дин Горан Гроздоски, Генерален Директор на „Мотоцентар“, г-ѓа Гордана Кожуваровска, Претседател на Републички Совет за Безбедност на Сообраќај на Патишта (РСБСП), г-дин Љупчо Грујовски, Претседател на „Порше Клуб Македонија“ и г-дин Ристо Вуков – Рико, македонски спортски автомобилист.

Говорниците повикаа на свест, совест и внимателност во сообраќајот, апелирајќи за важноста на примената на повисоко ниво сообраќајна култура, почнувајќи секој од себе лично.

На настанот, му претходеше авто-мото дефиле во кое учествуваа членовите на “Порше Клуб Македонија“.

Возачите што учествуваа на настанот, со повремено свирење за време на дефилето, алармираа за поголемо внимание во сообраќајот и сообраќајна култура.

Во продолжение линкот од коментарот што го објавивме на нашиот портал пред две седмици

Уште колку народ треба да загине од и во автомобили за да се јават виновниците?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw i

Германски медиуми: Добавувач на БМВ испушта арсен од рудникот во Мароко

Волво го направи својот прв ван како скандинавска дневна соба на тркала