Москва планира фабриката за Москвич да ја пушти во работа во декември, а градоначалникот Сергеј Собјанин верува дека градот во иднина ќе прерасне во центар за производство на електрични автомобили.
Градоначалникот Собјанин излезе со важната најава за време на неговата посета на меѓународниот саем за извоз „Сделано в Росии – 2022“. Првиот човек на Москва и рускиот премиер Михаил Мишустин ги разгледуваа штандовите на саемот, задржувајќи се најмногу на штандот на „Сделано в Москве“, како еден од главните елементи на настанот.
„Автомобилската индустрија годинава имаше голем пад, меѓутоа се надевам дека со помош на Министерството за индустрија, во декември ќе ја пуштиме фабриката за Москвич да работи повторно“, изјави Собјанин во делот од неговото обраќање до Премиерот.
Според московскиот градоначалник, постои желба за градот да прерасне во индустриски центар за електрични автомобили, а постои и способен кадар којшто ќе го организира развојот и производството на автомобили.
Фабриката за автомобили во Москва беше во сопственост на францускиот производител Рено од 1998 година. Во март годинава, Французите најавија дека ќе ја затворат компанијата и ќе го напуштат рускиот пазар. Фабриката на Рено во Москва премина во сопственост на градот. Фабриката е преименувана во АО „Московский автомобильный завод Москви́ч“
https://photos.app.goo.gl/GBWi4sawnf7pR8Zs7
Планот е фабриката во иднина да произведува електрични автомобили. На годишно ниво, Москва и московскиот регион имаат потреба од 40 и 60 илјади електрични автомобили, само за такси и рентакар потребите.
Москва и најголемиот производител на товарни возила во Русија, Камаз, во август најавија инвестиција во фабриката за Москвич вредна 5 милијарди рубљи, односно над 80 милиони евра. Камаз ги презеде преговорите за наоѓање партнер за производство на новиот Москвич. Уште оттогаш се спомнува можното партнерство со кинески JAC, чијашто техника ќе се користи во новите модели на повторно заживеаната московска марка.
Моделите што Москвич ги најави летоска, сите се базираат врз автомобилите од кинескиот произвидител JAC
https://photos.app.goo.gl/7ThiC9dQLU24aEY48
https://photos.app.goo.gl/wzRRpX5PzD7J4wJJ6
https://photos.app.goo.gl/Bq2UbWQB5PUuAgAU7
https://photos.app.goo.gl/PsKSEptZtzyvZpgQA
https://photos.app.goo.gl/hJheoqWvJb9kNhNG9
Nissan ја продаде фабриката во Русија за 1 евро, загуби 687 милиони долари
















