Alfa Romeo Tonale ја продолжува успешната, повеќе од десетгодишна серија на италијанската марка, во натпреварот „autonis“, што го организира магазинот auto motor und sport.
Новата Alfa Romeo Tonale се најде меѓу победниците во познатиот натпревар за најдобар дизајн „autonis“. Повеќе од 14.000 читатели на германскиот магазин auto motor und sport го избраа најновиот модел на марката за „Најдобар дизајнерски новитет за 2022 година“ во конкуренција на СУВ-модели од компакт класата. Со освоени 30,2% од гласовите, Alfa Romeo Tonale, прв модел на марката со електромотор во погонот, се издвоим убедливо од конкуренцијата.
„Победите на Alfa Romeo на натреварот за најдобар дизајн ‚autonis‘ се убава традиција, на којашто се гордееме. Ме радува тоа што и новата Alfa Romeo Tonale ги одушевува читателите на ‚auto motor und sport‘ исто како моделите од нашата марка пред неа“, коментираше Алесандро Маколини, директор за дизајн на продукт во Alfa Romeo, при доделувањето на наградите во Штутгарт. Дизајнерот понатаму нагласува дека Alfa Romeo Tonale е успешен спој меѓу иновативна технологија и висока функционалност, со препознатлив италијански стил. „Благодарам од сé срце за овој голем комплимент за нашата работа во Centro Stile Alfa Romeo“.
View this post on Instagram
Alfa Romeo не пропушта победа на дизајнерскиот натпревар „autonis“ што годинава се одржуваше 22-ри пат. Читателите на германскиот магазин, што се печати уште од 1946 година и постигнува тираж од преку 300.000 примероци, во претходните години имаат гласано за победите на Alfa Romeo Modelle Giulietta, MiTo, Giulia и Stelvio. Годинава за наградите „autonis“се натпреваруваа 92 нови модели од единаесет категории, за гласовите од публиката.
Тест · Alfa Romeo Tonale 1.5 Hybrid Speciale · Секое време има своја Alfa