за

Mitsubishi го враќа во игра името Ralliart

Специјални модели под името Ralliart се враќаат во понудата на Mitsubishi, засега само во Тајланд, што е меѓу најголемите пазари за јапонската марка.

Корпорацијата Mitsubishi Motors повторно го заживува името Ralliart, со специјалните изданија Triton Ralliart и Pajero Sport Ralliart. Двата модели ќе бидат изложени премиерно на 38-от салон на автомобили во Бангкок.

Специјалните изведби од пикапот Triton и СУВ-моделот Pajero Sport, што е изработен врз основа на пикапот, се модели со коишто Mitsubishi го враќа големото име Ralliart во својата понуда. Triton е пикап што на нашиот пазар го познаваме како L200 и истиот претставува дел од редовната понуда на Мак Аутостар. Mitsubishi избра двата модели Triton Ralliart и Pajero Sport Ralliart да ги понуди прво на пазарот во Тајланд, каде што истите се произведуваат.

Ralliart е големото име што стои зад врвните спортски модели на Mitsubishi во поблиската историја. Познавачите ќе се сетат на учеството на Ralliart во светското првенство во рели и на релито Дакар. Во почетокот, името Ralliart ќе биде присутно во понудата од прибор на Mitsubishi, со што на љубителите на марката ќе им се овозможи повторно да го заживеат духот на спортските легенди.

Triton и Pajero Sport од специјалната серија Ralliart се препознаваат по страничните налепници со ленти во црвена, сребрена и црвена боја, по црвените калници по пример на историските рели болиди, како и по бројни додатоци на каросеријата и во внатрешноста со лого Ralliart. Предната маска и тркалата се бојадисани црно, за тоа да ја нагласи припадноста на моделите во специјалната серија. Во внатрешноста се забележуваат патосници со лого на Ralliart и штепови во црвена боја.

Такао Като, претседател и извршен директор на Mitsubishi Motors, има големи планови со Ralliart: „Почнувајќи од специјалните изданија на Ralliart во Тајланд, планираме во иднина да воведеме и други привлечни ставки. Подготвуваме возбудливи активности во блиска иднина, за фановите вистински да го почувствуваат духот на Ralliart и да уживаат во истиот.“

>>> Mitsubishi доби нов шеф за Европа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата GAZelle NN стартуваше со продажба и на бугарскиот пазар

Австрија не сака да гради нови автопати