за

Австрија не сака да гради нови автопати

Властите во Виена ја откажаа изградбата на автопат во вредност од две милијарди евра. Австрија не сака да си ја забетонира иднината.

Светската клима продолжува да се менува неповратно, автопати се градат насекаде низ светот. Австрија избира друг пат и ги откажува крупните проекти што долго време биле планирани. Целта е да се заштити животната средина.

Автопат во вредност од две милијарди евра во близина на Виена, нема да се гради. Откажани се и плановите за изградба на повеќе регионални патишта во Долна Австрија.

Австриската министерка за заштита на климата Леоноре Гевеслер го образложи решението: „Не сакам по дваесет години да кажуваме: Закопавме милиајрди од даночни пари и ја забетониравме нашата иднина.“ Министерката лани наложи проверка од климатско гледиште на државните проекти за изградба на патишта, со цел да се утврдат предностите и недостатоците од тие проекти.

Речиси половината од планираните 19 километри автопат северно од Виена требаше да бидат изведени како подземен тунел, заради заштита на природната средина. Гевеслер цени дека новите патишта ќе предизвикаат зголемен сообраќај. Според гледиштата на министерката, СО2 не испуштаат само возилата, туку и самата изградба предизвикува високи емисии од штетниот гас што е одговорен за климатските промени.

Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг, искажува остри критики за решението: „Тоа е удар против квалитетот на живот на луѓето“. Тој цени дека откажувањето на изградбата ќе предизвика уште повеќе застои и соодветно зголемување на емисијата на штетни гасови.

>>> По цена на словенска вињета за една година, во Македонија деветпати до Гевгелија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi го враќа во игра името Ralliart

Peugeot сé почесто вози на струја: 508 Hybrid испорачан во Еуроимпекс