за

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш

Електричното Mini му послужи како цртачко платно на Кармине ди Џандоменико, прочуениот карикатурист, во чест на 80-годишното постоење на Флеш.

Електрично Mini за 80-годишнината на суперхеројот Флеш

На светскиот саем на цртаните стрипови Лука 2020, што се одржуваше од 29-ти октомври до 1-ви ноември во италијанската Тоскана, електричното Mini му послужи како платно за цртање на Кармине ди Џандоменико, прочуен италијански карикатурист. Овој чин го означи 80-годишното постоење на суперхеројот Флеш.

MINI Cooper SE имаше централна улога во прославувањето на 80-годишнината на Флеш, на саемот за стрипови, игри, анимација и фантазија во Тоскана. Флеш е суперхерој, кој исто како Mini, има долга успешна историја. Ликот постојано се осовременуваше и се менуваше низ времето, но неговата ДНА не се смени.

Главна одлика на Флеш е неговата единствена брзина, што му овозможува тој да се движи седумпати побрзо од светлината. Годинава се одбележуваат осум децении од неговото прво појавување во САД во 1940 година.

Поврзаноста меѓу херојот под напон и Mini Electric е во електричниот погон, во тивкото движење, ефикасноста и моќноста. Авторот Кармине ди Џандоменико е меѓу најпознатите и најактивно италијански карикатуристи. Италијанецот има изработено 34 изданија со црвениот спринтер.

Кармине го изработи стрипот врз каросеријата на Mini Electric за само 10 часови. Брзината исто така е заштитен знак на неговата работа, исто како на Флеш. Проектот се одвиваше под налог на познатите Панини Комикс.

>>> Електрично Mini пишува автомобилска историја во Македонија (1. дел)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus има најдобра аеродромска чекална во Европа

Lexus има најдобра аеродромска чекална во Европа

GM Изборот на Претседател на САД е важен и за автоиндустријата

Изборот на Претседател на САД е важен и за автоиндустријата